18 Декември, 2025
0.0428

Повеќе државни пари за инвеститори од дијаспора, нашинци да помагаат со странски инвестиции: Нова економска дипломатија

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2020 07:19

Добивај вести на Viber

Повеќе институции предводени од Министерството за надворешни работи ќе треба да направат план со кој и функционално ќе ја реорганизираат економската дипломатија. Владата веќе ги даде задолженијата, останува работата да се спроведе на терен. Фактор истражува како ќе функционира таканаречената економска дипломатија. Кој ќе носи инвестиции и како, кој ќе бидат столбовите на економскиот настап на земјава надвор. Допрва ќе се креираат сите решенија, но според информациите, добро познатите економски промотори кои ги промовираше претходната власт, а кои државата ја чинеа доста и не донесоа ништо секако не се опција. Секако државата во моментов нема некој добар резултат со странските инвестиции, но голем дел од вината сега се препишува на лошата економска ситуација предизвикана од пандемијата накоронавирусот.

Она што е познато до сега е дека ќе треба да се направи акциски план - па ќе се планираат активностите.

Се задолжува Министерството за надворешни работи врз основа на Акцискиот план да ги планира потребните финансиски средства за 2021 година и наредните години за имплементација на проектот за реорганизација на економската дипломатија, соопштија од Владата кога ја усвоија информацијата да се формира меѓуресорска група која ќе работи на планот.

Од Министерството за надворешни работи велат дека во моментов се работи на конкретниот предлог и дека набрзо ќе излезат со предлогот. Според информациите, ќе има ќе има национална стратегија за соработка со дијаспората, но предвидена е и финансиска поддршка за проекти од дијаспората. Државата ќе дава пари за почетни инвестициски вложувања, но споредбено со домашните и странските инвеститори, за инвеститорите од дијаспората поддршката ќе биде поголема за 10 отсто.

Се планира да се воспостави мрежа на наши успешни државјани во странство кои ќе се повикуваат да помогнат за промоција на државата. Има идеја да се прави таргетирана промоција на економските, културните и туристичките потенцијали „Земја на можности“, со акцент на новите успеси во културата.

Инаку СДСМ уште во изборната програма во претходниот мандат наведе дека ќе го напушти концептот на избор на промотори за промоција на Македонија.  Се тврдеше дека тој концепт е скап а не носи инвестиции. За време на тој мандат требаше да се избираат економски аташеа во амбасадите ама и таа идеја не се реализираше. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во јануари лани за Фактор тврдеше дека Владата размислува да отвори канцеларии во Германија, САД и најверојатно во Турција во кои ќе вработи по десетмина луѓе. Нивната цел ќе бида слична како таа на промоторите кои ги промовираше претходната власт, ама ќе финкционираат по различен концепт. Требаше да немаат врска со македонските амбасади во тие земји и да работат по одредени правила.

Инаку првите промотори државата ги доби во 2008 година. До средината на 2017 година имаше 33 во светот. Во една година или поточно во 2016 година за нив биле исплатени 1,2 милиони евра од буџетот. Секој од промоторите според информациите имал плата од 2.500 до 3.000 евра.

Заводот за ревизија во својот извештај објавен лани за работата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција и упати негативни оценки и сериозни критики токму за работата со економските промотори, чиј последен ангажман заврши на 30 јуни 2017 година. Исплаќани им биле аванси кои до денот на ревизијата материјално не ги раздолжиле за претходно земените аванси, имало неспроведување на тендерска постапка за нивната селидба и транспорт, дискутабилно е собирањето на сметките (фактурите) од страна на самите промотори, надоместоците за становите во градовите во кои работеле, не се следел ниту квалитетот и резултатите на нивната работа, а тие не испраќале неделни извештаи иако биле должни. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа