24 Ноември, 2024
0.0397

Повеќе македонски возила вратени од бугарската граница кај Ново село: Двата гранични премини остануваат затворени

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Македонски граѓани секојдневно се враќаат од граничните премин Ново село и Делчево кон Бугарија. Бугарските гранични служби никако не дозволуваат Македонци да влезат на нивна територија и со обезбеден негативен ПЦР тест кој е нужен за влезот. Тие ги враќаат граѓаните назад, да одат кон граничниот премин Деве Баир - Ѓуешево затоа само тој премин моментно функционира за влез кон Бугарија. Забраната за влез во Бугарија на другите два премини беше соопштена во февруари годинава, но одлуките за рестрикциите и условите за влез често се ревидираат од страна на сите држави од соседството, па граѓаните не секогаш знаат точно. За празниците кои поминаа и слободните четири дена повеќе наши сограѓани заминаа некаде, а засилен беше интересот и за Бугарија. Со направен ПЦР тест, границата се поминува без проблем, но не и кај Ново село. Таму колона од македонски возила била вратена и патниците, меѓу кои имало и доста деца биле вратени назад кон Македонија. Патниците за Фактор сведочат дека по враќањето морале повторно да заминат кон Македонија па кон Деве Баир од каде отишле во Бугарија.

„Изгубивме околу 4 часа, односно возевме плус уште толку. Не е ничија вина, туку наша, не сме биле информирани, но откако се вративме разбравме дека тоа не го знаат и многу други луѓе. Добро е да се знае затоа што тоа е секојдневие, односно секојдневно македонски државјани се принудени да се враќаат, вели нашиот соговорник.

Бугарија соопшти во февруари дека за влез во земјата ќе биде отворен Деве Баир-Ѓуешево, при што граѓаните кои поминуваат мора да приложат негативен ПЦР ковид тест. На останатите два гранични премина Делчево и Ново Село,може да поминуваат само возачи на тешки моторни возила кои ќе транзитираат, но и македонски студенти и ученици кои учат во Бугарија. За нив не се бара да приложат доказ дека се негативни на Ковид-19 , а студентите мора да потврдат дека студираат во Бугарија.

Од тогаш секојдневно некој е вратен од Ново село и Делчево. 

„Од 17 февруари, Бугарија направи промена во рестриктивните мерки за спречување на ширење на пандемијата од ковид-19, при што за влез во Бугарија на македонски државјани кои планираат да престојуваат краток или подолг период отворен е само граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, а на сите тие лица при влез им се бара поседување негативен ПЦР ковид тест“, велат од МВР. 

Апелираат граѓаните да внимаваат и да се информираат пред патувањето.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина