ПОВЕЌЕ НАМИРНИЦИ ПОСКАПЕЛЕ: Во август зголемени трошоците за живот
Објавено во: Економија 09 Септември, 2020 14:44
Mинимално зголемување има на трошоците за живот.
Дел од намирниците поскапеле, а кај дел има и поевтинување.
Трошоците минатиот месец во однос на претходниот месец скокнале за 0,5 отсто, а цените на мало пораснале за 0,8 отсто.
Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Поскапување има кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7 отсто, млекото за 0,5 отсто, оризот за 0,4 отсто, пивото за 0,3 отсто, сирењето и урдата за 0,2 отсто.
Поскапела електричната енергија за 7,4 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,6 отсто, фармацевтските производи за 1,3 отсто, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1,2 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1,1 отсто, ткаенините за изработка на облека.
Кај услугите за рекреација и спорт за еден отсто, игрите, играчките и хобијата има скок за 0,9 отсто, терапевтските помагала и опремата за 0,8 отсто, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,5 отсто.
Кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена има поскапување за 0,4 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, има кај свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0,6 отсто, месото, јајцата за 0,4 отсто, маслото и маснотиите за 0,2 отсто.
Поевтиниле обувките за 1,8 отсто, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1,1 отсто, велосипедите за 0,9 отсто, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,2 отсто.
Минималната синдикална кошница во август пак чинела 33.538 денари.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




