Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Март, 2021
Повеќе од 95.000 граѓани во Македонија досега се избориле со коронавирусот откако почна епидемијата.
Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863. За 24 часа има 11 починати и 316 нови случаи на коронавирусот.
Министерстeрот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Владата утре ќе донесе конечна одлука.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.