05 Декември, 2025
0.0315

ПОВЕЌЕ ОДБИЕНИ ОТКОЛКУ ОДОБРЕНИ БАРАЊА: Владата „филтрира“ кои компании може да инвестираат во енергетскиот сектор

Објавено во: Економија 12 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика се зголеми и полето на активности на Владата изминатите месеци. Сега со доделени овластувања ги одобрува, односно не ги одобрува големите енергетски проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори со над 10 мегавати моќност.

Владата има формирано посебна комисија која треба да стави ред во хаотичното инвестирање во последно време, особено кај фотоволтаичните централи за кои има особено голем интерес од странски инвеститори, а познавачите велат овластувањата кои сега се доделуваат се практично еден вид „градежна дозвола“. Дури евентуално потоа, инвестицијата би можела да добие лиценца за отпочнување со производството од Регулаторната комисија за енергетика.

Според евиденцијата на „Фактор“,повеќе барања за навидум амбициозни планови се одбиени, отколку оние што добиле позитивна одлука. Само шест проекти добиле овластување, а еден од нив е и оној на Инвалл Мак, која кај Штип го гради големиот ветерен парк на инвестицискиот фонд „Алказар“ со голема поддршка од новата власт.

Одбиен поради недоставена потребна документација е М Енерџи Гроуп Ник, фирма поврзана со Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, чие барање за овластување било поднесено од февруари лани. Вториот проект на оваа компанија познат како „ФЕЦ Сушево 2“ од 30 мегавати во Штип сепак бил прифатен од Владата.

Одбиени се и барањата на израелските инвеститори ДАМ Енерџи, а поради недоставена документација бил одбиен и турскиот „Еуроеса Енерџи“ кој сакал да гради две фотоцентрали од 36 и 11 мегавати.

Во текот на летово што изминува пред владиниот „филтер“ не поминал ниту амбициозниот проект на израелскиот инвеститор Биг Мега Солар Оне. Не е прифатено барањето ниту на МИТ Солар на косовскиот бизнисмен Саит Вокши поради тоа што не станувало за една голема фотоцентрала, туку три помали. Не е прифатена ниту замислата на ФЕЦ Димонце на познатиот штипски бизнисмен Марјан Јовчевски, инаку сопственик на Јофатекс, кој исто така го цепкал проектот на повеќе централи.

Државниот завод за ревизија минатата недела го објави ревизорскиот извештај за енергетската транзиција, во кој се забележува дека претходно од 2011 до 2023 биле овластени позитивно сите осум барања, меѓу кои и тие на најголемите фотоцентрали во моментов во земјава на Меј Енерџи,Фортис Енергетика, ОСМ Солар и новиот ветерен парк Богословец.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија