ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БУГАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми минималецот
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2025
Бугарските работници годинава ќе земаат повисоки плати. Минималната плата кај источниот сосед од вчера се зголеми на 1.077 лева (550 евра), што е зголемување за 144 лева или околу 73,6 евра.
Неодамна е направена пресметка за колку време Бугарија ќе се приближи на Германија со платите. Кога е правена пресметката, минималната плата на Бугарија изнесувала 477 евра, што е за 1.577 евра пониска од нејзиниот германски колега. Доколку Бугарија продолжи да го намалува овој јаз во платите со сегашното темпо, ќе бидат потребни приближно 240 години за да го достигне германскиот приход, според пресметките на Труд њуз. Во Македонија неизвесно е дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра во март. Србија, БиХ и Црна Гора веќе ги зголемија минималните плати.
foto freepik.com/kstudio