19 Декември, 2025
0.0437

Повик до сите невработени лица во Македонија

Објавено во: Економија 25 Март, 2016 19:23

Добивај вести на Viber

Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени.Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки. Обуките се однесуваат на следните занимања и градови: Шивач – Скопје и Прилеп, Кројач – Скопје, Келнер – Скопје и Битола, Готвач – Скопје и Битола, Пекар – Скопје, Рецепционер – Скопје, Бравар – Велес, Заварувач – Велес и Битола, Столар – Скопје и Куманово, Ѕидар – Битола, Штип и Струмица, Гипс-монтер – Штип и Струмица, Дом мајстор – Скопје, Ракувач со градежна механизација – Битола и Струмица, Сервисери за машини за шиење – Штип и Берово, Фризер – Скопје, Битола, Тетово, Штип, Струмица и Струга, Изработувач и монтажер на градежна столарија – Куманово, Струмица, Штип и Битола, Нега на стари лица – Скопје, Битола, Крушево, Струга, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци, Радовиш, Стаклопластичар – Струга, Металостругар – Скопје, Металоглодач – Скопје, Гумар – Скопје, Фасадер – Скопје, Штип, Битола, Струмица, Слаткар – Скопје, Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје, Службеник во книговодство – Скопје, Куманово, Туристичко-агенциски службеник – Скопје, Шминкер – Битола, Тетово, Педикир / маникир – Битола, Струга, Штип, Козметичар – Скопје, Битола, Филигранист – Скопје, Изработувач на накит од злато – Скопје и Млекопроизводител во Свети Николе. На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување на РМ, контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар