19 Декември, 2025
0.0393

Повлекувањето на еврообврзницата единствено рационално решение

Објавено во: Економија 16 Јули, 2016 00:49

Добивај вести на Viber

Потребно е да се намалат расходите, посебно да се рационализираат непродуктивните трошења, а покачувањето на пензии, плати и социјални трансфери да се одложи за периоди кога економскиот раст ќе биде посилен, или да се промени даночната политика, вели Благица Петрески од Finance Think- Институт за економски истражувања и политики. При тоа Петрески, најавува дека Finance Think ќе иницира работна група која ќе има за цел да даде конструктивни предлози во оваа насока. Со оглед на зголемените ризици во економијата, и оттука намалениот економски раст и тенденцијата за негово понатамошно намалување, ова задолжување би било многу скапо. Дополнително, не е позната намената за која ќе се потрошат средствата. Оттука, повлекувањето на еврообврзницата е рационално решение. Задолжувањето е еден начин да се надминат ликвидносните проблеми. Но, во ситуација кога во континуитет расходите за тековни трошоци (плати, пензии и социјални трансфери) не може да се покријат преку приливите од приходи, постојано задолжување не е оптимално решение. Во таква ситуација, потребно е да се направат структурни промени на расходите и приходите. Алтернативите е да се намалат расходите, посебно да се рационализираат непродуктивните трошења, а растот на тековните трошоци (како покачување на пензии, плати и социјални трансфери) да се одложи за периоди кога економскиот раст ќе биде посилен, или да се промени даночната политика. Во периодот што следи потребно е да се направи напор за конструктивен консултативен дијалог помеѓу сите засегнати страни, вклучително експертската јавност и граѓанскиот сектор, се со цел да се изнајде најоптимално решение.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар