Повторно борби во Јемен
Објавено во: Свет 19 Април, 2015 11:54
Најмалку 50 лица беа убиени во последните 24 часа во Јужен Јемен при судири меѓу приврзаници и противници на претседателот Абд Рабу Мансур Хади.
Ескалацијата на тензиите во земјата продолжува и денеска.
Воениот конфликт во Јемен принуди околу 150 000 луѓе да ги напуштат своите домови. Досега загинале околу 760 лица. Ова се вели во извештајот на ОН.
Храмови, училишта, болници, патишта и мостови биле уништени од воздушните напади на позициите на бунтовниците хуси. Многу луѓе немаат пристап до вода, електрична енергија и стоки за нивна потреба.
Предводена од Саудиска Арабија коалицијата ја започна својата операција против бунтовниците и го обвини Иран дека ги поддржува.
Хусите кои припаѓаат на шиитското крило на исламот, продолжуваат да заземат територии.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




