ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕН ИЗВОЗ НА ДЕЗИНФИЦИЕНСИ - услов 30 отсто да има за домашниот пазар
Објавено во: Економија 28 Април, 2020
Владата повторно го дозволува извозот на дезинфициенси од земјава. Тоа е наведено во најновата владина Одлука, објавена во вчерашниот број на Службен весник. Одлуката е поставена и на веб страницата на Царинската управа.
Станува збор за Одлука за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВОД-19.
Со оваа одлука всушност компаниите во земјава кои произведуваат средства за дезинфекција, како што се сапуни, препарати, гелови и други слични производи, ќе смеат нив повторно да ги извезуваат, со тоа што претходно ќе мора да прилоѓат изјава дека во магацинот или складот имаат 30 отсто од просечното дневно производство, кое ќе биде наменето за домашниот пазар.
Всушност, на претходната одлука се додава нова точка, која гласи: „Се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси со тарифна ознака 3401, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства со тарифна ознака 3402, тоалетни препарати со дезинфекциони средства со тарифна ознака 3307 90 00 00, мешаници на хемиски соединенија со тарифни ознаки 3824 99 92 00, 3824 99 93 00 и 3824 99 96 00, и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80 отсто vol или повисока со тарифна ознака 2207 10 00 00, со тоа што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацинот односно складовите располага со 30 отсто од просечното дневно производство на средства за дезинфекција, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар“.
Како што е познато, кога почна коронакризата во земјава дојде до огромен недостиг на дезинфициенси, поради што беше забранет увозот. Сега тие почнаа да се произведуваат и во земјава и има доволно колични, поради што извозот повторно е дозволен.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.