26 Јуни, 2024
0.0349

Повторно пад на цената на нафтата

Објавено во: Свет 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата продолжува да опаѓа и во четвртокот, по неочекуваното зголемување на американските резерви на сурова нафта и посилниот долар, но обновата на азиските берзи по растот со речиси 2% на „Wall Street“ ги поддржа донекаде цените.

Азиските инвеститори се фокусирани на растот на американските резерви на сурова нафта оваа недела, но расположението е поддржано и од подемот на „Wall Street“, вели Џонатан Бари, главен инвестициски офицер во „Ayers Alliance“ од Сиднеј.

„Мислам дека постоењето на какви и да се позитивни вести ќе помогнат. Можеби нема да видиме толку силна нестабилноста“, дополнува Бари.

Цената на нафтата брент за испораки во октомври се намали за 32 центи до 50,18 долари за барел, откако во претходната сесија поскапе за 94 центи. За време на сесијата цената падна под 50 долари до 49,95 долари за барел, пред да се опорави.

Фјучерси на американскaта сурова нафта исто за октомври се намали за 30 центи до 45,95 долари за барел, откако завршија со раст од 84 центи во претходната сесија. Репер за достигнат минимум од 45,65 долари за барел пред тоа.

„Иако нафтата можеби го избегна мечот на територија овој пат, може да не успее да го направи во следните неколку недели со намалениот капацитет на рафинериите“, велат од „Phillip Futures“ од Сингапур.

„Од друга страна, гледаме пад на нафтеното производство во САД, што е добро за цените на долг рок. Затоа нашите претпоставки се дека повторно обилното снабдување започнува да се намалува“, дополнуваат тие.

Американската сурова нафта поскапе за 27,5% во три последователни сесии до понеделник и го истакна својот најголем тридневен процентуален пораст од август 1990 година, опоравувајќи се од шестгодишен минимум од 37,75 долари за барел.

Нафтата ќе најде поддршка на цените од околу 42-44 долари за барел, вели Барет, но пад под ова ниво ќе наметне притисок врз некои економии од „ОПЕК“.

„Намалување на производството на ОПЕК ќе има само ако продолжи поевтинувањето на нафтата“, вели тој.

Наместо тоа нафтените производители вложуваат на зголемена побарувачка поради што се приближува зима, а рафинериите го префрлаат фокусот на производството од бензин кон гориво за греење.

Американските резерви на сурова нафта неочекувано забележуваат раст од 4,7 мнл. барели до 455,4 милиони барели во неделата до 28 август, што е најголемото неделно зголемување од април наваму, покажуваат податоците на Агенцијата за енергетски информации од средата. Аналитичарите очекуваа резервите да останат без промена.

Посилниот долар исто така натежна на цените на суровините во четвртокот.

Инвеститорите ги очекуваат резултатите од средбата на Европската централна банка подоцна во четвртокот и податоците за вработеноста надвор од земјоделство во САД во петокот. Кинеските пазари се затворени поради празнициите во четврток и петок.

Можеби ќе ве интересира

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви