18 Декември, 2025
0.0427

ПОВТОРНО ПАНИКА ВО ПАРИЗ: Жена во Дизниленд викала: „Јас сум девојката на Кулибали и сите ќе ве дигнам во воздух!“

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2015 19:00

Добивај вести на Viber

Една туристка која била сместена во хотел во париски Дизниленд денеска била притворена поради нејзините тврдења дека таа е партнерката на Амеди Кулибали, киднаперот кого француските сили за безбедност го ликвидираа во една еврејска продавница во Париз, а по која полицијата активно трага. Туристката била на возраст од 30 години и била со потекло од Марсеј. Таа со своето семејство престојувала во хотелот „Секвој“ во близина на луна паркот, а паниката настанала откако таа од прозорците на својата соба почнала хистерично да вика: „Јас сум партнерката на Кулибали и сите ќе ве дигнам во воздух“, истакнал претставник на обвинителството во Моу, пренесува „Фигаро“. „Ова е лажна узбуна и парковите се отворени како и обично. Инцидентот е завршен.“, рекла портпаролката на парискиот Дизниленд. Девојката е ставена во притвор во полициската станица во Лањиј, а обвинителството најавува дека ќе отпочне кривична постапка против неа поради „ширење лажни информации“ дека ќе биде извршен напад. Девојката во понеделник ќе биде изнесена пред судот во Моу, додал претставникот од обвинителството, прецизирајќи дека со тоа сака да испрати порака до сите оние кои имаат намера да дигнат лажна тревога да се запознаат со опасноста од казнување. Туристката, теоретски, ќе се соочи со казна од две години затвор и парична казна во висина од 30 илјади евра, заклучуваат француските медиуми.  

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија