Пожар однесе човечки живот во Стар Дојран
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017 14:03
С.Д.(57) од Стар Дојран вчера починал во пожарот кој избувнал во неговиот дом.
Полицијата денеска извести дека од засега непознати причини пожарот пламнал во собата каде што спиела човекот. Од густиот чад тој изгубил свест и паднал на подот.
Пожарот го забележале соседите кои повикале полиција и локалната противпожарна бригада. Иако пожарот бил локализиран навреме, сепак, лекарите не можеле да го спасат С.Д.
На местото на пожарот во центарот на Стар Дојран, зад хотел „Македонија“ (порано познат како хотел „Галеб“) излегла екипа на МВР и инспектор за заштита од пожари.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




