Пожар во Жиганци, невреме со град во Кочани и Виница
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023
Во невреме во Кочани и Виница оштетени се покривни конструкции и градинарски култури, а интервенирано е на пожар во Жиганци.
Паѓаше дожд и град, а дуваше и силен ветер. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.
„Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ - Кочани.
Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови.