ПОЖАРИ БЕСНЕАТ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Во Грција повредени 15 пожарникари
Објавено во: Балкан, Свет 13 Август, 2025 09:53
Еден војник загина, а друг беше повреден кога цистерна за вода се преврте во близина на Куча, Црна Гора. Двајцата беа вклучени во гаснењето пожари во регионот. Голем број пожари се уште се активни во Црна Гора. Шумските пожари ги зафатија и другите земји во Европа, среде уште еден топлотен бран.
Во областа Пипери, црногорските пожарникари ја поминаа целата ноќ гасејќи шумски пожари кои се ширеа со неверојатна брзина.
-Ветерот беше силен, пожарот се ширеше со неверојатна брзина. Понекогаш не знаевме што се случува, густ чад и оган. Некои едвај се спасија живи, вели Раде Вуковиќ, жител на Пипери.
Материјалната штета е голема, но опасноста не е помината ниту за Пипери, каде што се појавија нови пожари, ниту за другите делови на Црна Гора. Помош за гаснење на пожарите во близина на Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ, Шавник пристигна од Србија, Хрватска и Италија.
Климата е поволна за избувнување и ширење на пожари.
-Причината за сите овие пожари е температурата над 40, односно 42 степени Целзиусови и силните ветрови. Во овој случај, не можеме да кажеме дека сè е човечки фактор, бидејќи имавме ситуација каде што видовме куќи со покриви како почнуваат да горат, а немаме пожар во близина, вели Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора.
Во Турција веќе два дена се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Неколку стотици жители се евакуирани од покраината Чанаккале на јужниот брег на Дарданелите по вода и копно. Дарданелите се привремено затворени. Десетици куќи изгореа.
-Страшна несреќа. Никогаш порано не сме доживеале нешто вакво. Куќи, автомобили, сè изгоре. Нека ни е на помош Бог, рече Џенгиз Бати, жител на Чанаккале, чија куќа изгоре.
Во древното село Орелана, кое се наоѓа во Националниот парк Лас Медулас, веруваат дека нивното село е поштедено од Бога, бидејќи сè околу селото изгорело.
Пожар имаше и во Тре Кантос, околу дваесет километри северно од Мадрид. Пожарот беше предизвикан од удар на гром и се прошири од ветер од 70 километри на час.
Пожарот беснее и во близина на Тарифа, во близина на Гибралтар. Луѓето избегаа од плажата и градот со автомобили и пеш. 2.000 луѓе беа евакуирани од ова место.
-Климатските промени секако се една од клучните причини. Кога ја загреваме нашата атмосфера, тоа значи дека таа може да одземе повеќе вода од вегетацијата, може повеќе да ја исуши вегетацијата, а тоа едноставно значи дека вегетацијата станува позапалива, вели Стефан Х. Дор, професор по наука за шумски пожари на Универзитетот Свонси.
Ваквите пожари стануваат и потешки за гаснење и, во комбинација со силни ветрови, се шират полесно. На пример, 200 хектари шума и полиња во округот Шарант изгореа за само 12 часа синоќа. Пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола по целовечерна борба.
По битката со огнената стихија во текот на ноќта, грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза, што сè уште не се ставени под контрола, а според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис повредени се 15 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.
Ватракојанис утрово информираше дека со разденувањето веднаш почнале да интервенираат 33 воздушни средства во првата фаза и на сите фронтови, дополнувајќи дека се активни повеќе жариште, а се гаснат од копно и воздух.
Посочи дека денеска се очекува да биде многу тежок ден бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар за повеќето области на земјата.
Во текот на ноќта во неколку области каде што се активни пожарите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите што се во близина.
Пожарите предизвикаа голема материјална штета со изгорена површина и изгорени куќи и бизниси, а штетата дополнително ќе се проценува.
Во текот на вчерашниот ден, како што доцна синоќа информираше портпаролот на противпожарната служба на Грција интервенираа и продолжуваат да интервенираат 4.850 пожарникари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





