Пожарите ги „казнија“ печуркарите, нема да има што да собираат
Објавено во: Економија 15 Септември, 2021 07:20
Поради пожарите во делови од Источна Македонија, многу собирачи на печурки нема да има што да собираат.
Со пожарите, уништени се шумите, а со тоа страдаат и повеќе видови на печурки, со исклучок на смрчакот кој може да вирее на опожарени терени. Не се поштедени ниту билките. Ќе бидат потребни најмалку две до три години за да родот на печурки на овие места се врати во нормала. Ова финансиски ќе ги погоди луѓето кои живеат или имаат дополнителни приходи од собирање на печурки, билки, бобинки.
„Гореа дрвја, трева, шуми, така што мицелиумот, делот од печурката се уништува на температура од 30 степени. Во Пехчево и Берово има штети, но во Делчево, луѓето обично собираат печурки на Голак и тој дел е сочуван. Најмалку две години ќе бидат потребни да опоравување“, велат од фирмата Фунгикорп од Делчево.
Од компанијата РНС Компани од Радовиш која се занимава со откуп на печурки, објаснуваат дека пожарите се како казна за печурките во Малешевијата. Тие освен од Радовиш, печурки добиваа и од Берово и Пехчево. Но, родот на печурки нема да биде како порано.
„Штети ќе има и тоа ќе се одрази на повеќе видови на печурки. Вргањот, лисичарката и други видови сега ќе ги нема. Во селата во Малешевијата, многу луѓе собираат печурки и зависат од нив. Минимум две години нема да има печурки. Ќе треба време да се обнови вегетацијата“, додаваат од РНС Компани од Радовиш.
Поединци живеат, а повеќето остваруваат дополнителни приходи од собирање и продажба на печурки.
„Оние жители кои се невработени, излегуваа и собираа печурки во шумите. Се работи за 50-60 семејства, но сега проблем е што нема да има печурки поради пожарите“, кажа Ванчо Пармачки, жител на селото Будинарци.
Печурките од овој крај претходните години завршуваа на пазарите во Италија, Германија и Франција. Изминатите години во Пијанечко-малешевскиот регион имаше добра берба, и се споменуваше податок за 50 тони печурки. Кога има екстра квалитет, има и добра цена. Ланската година беше најдобра за период од 4 децении. Во август имаше пожари во Малешевијата.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




