Пожарникарите од Берово ќе се обучуваат во Словенија
Објавено во: Македонија 20 Август, 2021
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Берово идната година ќе одат на обука во Словенија. Ова е договорено со колегите од Словенија кои дојдоа и помогнаа во гаснење на пожарите во Малешевијата.
Словенечките пожарникари им донираа опрема и униформи, но планираат и во иднина да им помогнат во рамки на своите можности.
„Во 2022 година ќе посетиме обука во Словенија, при што таа ќе трае 5 дена и ќе бидат опфатени неколку модули. Обуката ќе биде за шумски пожари, пожари на куќи, станови, интервенции при сообраќајни несреќи и поплави. Направивме спецификација што ни е потребно, а потребни ни се да имаме плус црева, скали, и тие сакаат да донираат“, рече Сашко Руменовски, командир на ТППЕ Берово.
Во Словенија функционираат на едно повисоко ниво и од она што го споделиле словенечките пожарникари со колегите, тие имаат голем број обучени пожарникари доброволци во населените места.
„Кажаа дека во едно село со 800 жители, имаат 80 обучени пожарникари, односно 10 отсто од населението. Од нив, дури и некој да заминал надвор од државата или надвор од градот, во секое време имаат на располагање 20 луѓе кои можат да ги повикаат“, додава Руменовски.
ТППЕ Берово има 14 пожарникари и 5 возила, но реално е потребно да имаат барем 17 пожарникари. Тие ги покриваат Берово и соседниот град Пехчево, како и 15 села во околината на овие два града. Некои од селата се многу далеку, како што е Двориште на 25 километри или Панчарево на 30 километри оддалеченост. ТППЕ Берово покрива површина од 980 километри квадратни.
„Оваа година имаме 98 интервенции, а лани поради корона кризата, карантинот, имавме помалку пожари, додека годинава имаше многу шумски пожари“, додава Руменковски.
По 2 август, во земјава имаше големи шумски пожари во околината на Берово, Пехчево и Делчево. За ставање на огнот под контрола помогнаа пожарникари од Словенија, Австрија, Бугарија, а Србија се вклучи со полициски хеликоптери во гаснење на пожарите, Романија со авион и Црна Гора со еден хеликоптер. На терен помагаа и француски експерти.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.