20 Декември, 2025
0.0567

ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ ЗА СКОПЈЕ И АТИНА: Фала ви што направивте невозможното да стане возможно

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 08:36

Добивај вести на Viber

Поздрави и честитки на адреса на Македонија доаѓаат од сите страни во поглед на договорот кој премиерот Заев и неговиот грчки колега Ципрас го соопштија во текот на вчерашниот ден а кој се однесува на деценискиот спор.

Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на Твитер на премиерите на Македонија и на Грција за постигнатиот договор.

На социјалната мрежа Твитер се огласи и првиот човек на Европскиот совет Доланд Туск. 

Во честитката тој посочува дека двете земји невозможното го направиле возможно.

„Ви благодарам што невозможното го направивте возможно“, пишува во честитката на Туск.


Пофалби за постигнатиот договор дојдоа и од Австрија. 

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел употребувајќи го веќе новото име на Македонија напиша дека тоа е  успех на дијалогот и дипломатијата и дека тоа било важен ден за  целиот регион а нејзиниот статус подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Илир Мета, претседателот на Албанија исто така го поздрави договороти кажа дека тоа е историски договор.

„Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион. Честитки за храброста и одговорноста на политичкото раководство на Грција и на Македонија, што придонесоа за ова важно достигнување“, коментира Мета.

ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

- Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во Европската унија и НАТО, изјави Свилановиќ.

Честитајќи им на Заев и на Ципрас, Свилановиќ оцени дека „договорот претставува вистинско охрабрување за целиот регион на Југоисточна Европа, а посебно за Западен Балкан, бидејќи покажува дека и најтешките прашања може да се решат ако за тоа постои решителност и визија за подобра иднина“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки