ПОЗНАТ Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ЧОВЕКОТ ШТО СЕ РАЗНЕСЕ ВО ЦРНОГОРСКИОТ СУД: Во судот имало многу луѓе, седуммина се повредени
Објавено во: Балкан 03 Март, 2023 13:07
При активирање на
рачна бомба утрово во Основниот суд во Подгорица загина Младен Булатовиќ (40)
од Подгорица. Во таа прилика се повредени седум лица. Итната помош ги информира
медиумите дека повредените се надвор од животна опасност.
- Во 11:35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдиле дека починал М.Б. (40) кој ја активирал експлозивната направа - изјави Срѓа Кораќ од Криминалистичката полиција, за Aktuelno.me
Како што рече, во таа прилика се повредени неколкумина на кои им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар на Црна Гора. Според него, не треба да се работи за сериозни повреди.
Пред судот има брза помош и полициска екипа.
Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.
Според информациите од местото на настанот, дел од градот во близина на Основниот суд, а се собрале и голем број граѓани.
Истрагата е во тек.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




