ПОЗНАТ ЗАСЛАДУВАЧ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА МОЗОЧЕН И СРЦЕВ УДАР: Како открија научниците ваква опасност?
Објавено во: Свет 28 Февруари, 2023
Замена за шеќер
наречен еритритол е поврзана со згрутчување на крвта, мозочен удар, срцев удар
и смрт, покажува новото истражување, пренесува CNN.
„Степенот на ризик не е скромен“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Стенли Хејзен, директор на Центарот за кардиоваскуларна дијагноза и превенција на Институтот за истражување Лернер на Клиниката во Кливленд.
Луѓето со постоечки фактори на ризик за срцеви заболувања, како што е дијабетесот, имале двојно поголема веројатност да доживеат срцев удар или мозочен удар доколку имаат највисоки нивоа на еритритол во крвта, наведува студијата објавена вчера во магазинот Nature Medicine.
„Доколку нивото на еритритол во крвта беше на врвот од 25% во споредба со долните 25%, имаше околу двапати поголем ризик од срцев удар и мозочен удар. Тоа е на исто ниво со најсилните фактори на срцевиот ризик, како што е дијабетесот“, рече Хазен.
Побрзо згрутчување на крвта
Дополнителни лабораториски и животински студии презентирани во трудот открија дека еритритолот предизвикува побрзо згрутчување на крвта. Згрутчувањето може да патува до срцето и да предизвика срцев удар или до мозокот и да предизвика мозочен удар.
„Се чини дека постои ризик од згрутчување на крвта со употребата на еритритол“, рече Фримен. „Очигледно се потребни повеќе истражувања, но можеби има смисла да се ограничи еритритолот во исхраната засега.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.