05 Декември, 2025
0.0445

Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Објавено во: Агробизнис 09 Јули, 2019 07:30

Добивај вести на Viber

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави името на економскиот оператор кој го добил тендeрот за набавка на „зелена нафта“ на земјоделците. Од агенцијата велат дека операторот „Макпетрол акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје“ ги исполнил сите услови согласно барањата во тендерската документација.

„Од интернет стрaницата на ЕСЈН,седум економски оператори  подигнале тендерска документација а до Агенцијата преку електронскиот систем  беше доставена само една понуда за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација.  Отворањето на понудите беше на 12.06.2019 година“, пишува агенцијата во одговорите до Фактор.

На 03 јули годинава операторот „Макпетрол“ е известен дека е избран за најповолен понудувач,а во постапка е и склучувањето на договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација, соопштија од АФПЗРР.

Инаку пред неколку дена директорот на платежната агенцијата,Николче Бабовски, објави дека тендерот за набавка на „Зелена нафта“ за земјоделска механизација на земјоделците е во вредност од 200 милиони денари. Тој исто така посочи дека до крајот на тековниот месец се очекува да се распределат и првите платежни картички до земјоделците.

Со оваа мерка се очекува да им се намали за 30 отсто трошокот за гориво на земјоделците.

Н.М.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?