Позната германска компанија банкротира по 100 години работење
Објавено во: Економија 22 Август, 2025 08:03
Познатата германска компанија „Вехслер Фајнфиш“, специјализирана за премиум чадена риба, прогласи банкрот.
Компанијата испорачува рибни производи на малопродажни синџири како што се „Едека“ и „Глобус“, како и на бројни органски супермаркети.
Според извештајот на германскиот специјализиран весник „Лебенсмиттел Цајтунг“, Трговскиот суд во Келн отвори постапка за банкрот, а Јенс Шмит е назначен за привремен стечаен управник.
Целта е да се најде стратешки купувач со цел да се продолжи производството и да се спасат околу 40 работни места во седиштето на компанијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Вехслер Фајнфиш“ е присутна на пазарот повеќе од 100 години и е позната по своите висококвалитетни производи од чадена риба. Покрај конвенционалната понуда, компанијата дистрибуира и органски рибни производи под брендот „Биомаре“, кои се вклучени во асортиманот на бројни органски супермаркети. Исто така, снабдува и угостителски објекти. Финансиски проблеми по промената на сопственоста и затворањето на полскиот погон
Финансиските проблеми ескалираа по промената на сопственоста во 2024 година, кога компанијата ја презеде Теодор Јансен.
Преземањето беше поврзано со висок долг, што на крајот доведе до презадолженост и банкрот.
Ситуацијата беше дополнително влошена со ненадејното затворање на клучен производствен погон во Полска, каде што фабриката за преработка на пастрмка престана со работа во ноември 2024 година.
И покрај предизвиците, и менаџментот и стечајниот управник се оптимисти. Веќе има неколку потенцијални купувачи, а добавувачите и големите клиенти, вклучувајќи ги Едека и Глобус, изјавија дека ќе продолжат да соработуваат со Вешлер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





