ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ВО КРИЗА: Откази за 9.000 луѓе
Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Септември, 2020
Откази ќе добијат 9.000 луѓе вработени во нафтен гигант.
Станува збор за компанијата „Ројал Дач Шел“ која денес објави дека планира да отпушти од 7.000 до 9000 работници до крајот на 2022 година.
Оваа бројка опфаќа околу илјада и пол луѓе кои прифатиле доброволно да ја напуштат компанијата.
За третиот квартал, компанијата наведува дека „намалувањето на комплексноста на организацијата“ и други мерки се очекува да резултираат во одржливи годишни заштеди од две до две и пол милијарди долари до 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.