09 Октомври, 2024
0.0577

Ќе се реконструира Универзалната сала - колку пари доби Град Скопје?

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Владата му додели средства на Град Скопје за Универзалната сала.

Во согласност со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала.

Во мај лани градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и тогашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски рекоа дека на Скопје ќе му ја вратат Универзалната сала. Тие потпишаа писмо за намери со кои се дефинираа активностите на унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје.

Градоначалникот Шилегов, инаку вети стартување на процесот на изградба на Универзална сала веднаш по добивање на градоначалничкиот мандат уште во време на предизборието за локалните избори во октомври 2017.

Владата неодамна ја усвои програмата за реализација на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ во селото Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објект киното „Манаки“ во Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл