Практиканти – извор на проблеми за пазарот на труд во ЕУ?
Објавено во: Анализа
23 Јули, 2014 08:47
Добивај вести на Viber
Практикантите претставуваат закана за постојаните работни места и тоа станува се поголем проблем за Европската унија.
Во моментов околу 4,5 милиони млади Европејци се на стаж, покажуваат податоците на Евробарометар. Од нив речиси две третини не примаат плата.
Останатите 40 отсто добиваат некаква награда, но повеќето од испитаниците рекле дека не можат да си ги покријат трошоците со овие пари.
Речиси половина од учесниците во анкетата пак изјавуваат дека немаат склучено никаков договор за времето на праксата со кој би требало да им се гарантираат некакви права.
На крајот на минатата недела младински организации организираа протест во центарот на Брисел поради практиките за вработување на практикантите.
"Неквалитетни практиканти се уште посериозен проблем за Европа", коментираат од Европскиот младински форум.
"Повеќето практиканти воопшто не се фокусирани на знаењето, а заменуваат реални работни места", дополнуваат од организацијата, нагласувајки дека ситуацијата ја искористуваат и приватни компании и јавни институции.
Според организацијата, практикантите во Европа треба да се плаќаат.
Еврокомесарот за образование Андрула Василиу изјави дека ја поддржува иницијативата и потсетува дека Советот на ЕУ го прифатил барањето од работодавачите, да имаат практиканти. Но нагласи дека не е задолжително работодавачите да ги плаќаат практикантите, ниту пак да им обезбедат некој тип социјално осигурување.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени