18 Декември, 2025
0.0215

Пратеничката на СДСМ Ана Павловска Данева земала две плати!

Објавено во: 31 Мај, 2013 10:02

Добивај вести на Viber

Пратеничката Ана Павловска Данева од СДСМ мора да се откаже од некоја од функциите што ги извршува. Таа за две недели треба да реши, дали ќе остане пратеник во македонското Собрание или ќе предава на Правниот факултет, бидејќи двете работи, согласно законот не може да ги врши. Антикорупционерите донесоа одлука со која на Ана Павловска Данева и се дава рок од 15 дена, доброволно да се откаже од една од функциите - ПавловскаДанева не постапила по барањето поради што, во согласност со член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси  е изречена мерка јавна опомена - соопштуваат од Kомисијата. Покрај пратеничката функција, таа предава на Правниот факултет во Скопје, а до пред неколку месеци беше и управител на приватна фирма. Ана Павловска Данева во исто време е и потпретседател на СДСМ, па оттаму, ваквата нејзина позиција наштетува и на имиџот на опозиционата партиија, која постојано ја обвинуваше власта за двојство на функции.