ПРАТЕНИЦИ ВО ЗАМИНУВАЊЕ: Кој е најсиромашен, а кој има најмногу „кеш“?
Објавено во: Економија 08 Април, 2016 08:02
Има само автомобил „Пежо“ од 2009 година и кредит за отплата.[/caption]
Има само автомобил „Пежо“ од 2009 година и кредит за отплата.
Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ е координатор на пратеничката група во Парламентот. Има 35 години и потежок анкетен лист.
Вози Мердецес Е класа, има акции, имот од родители, но и негов личен имот за кој не дал прецизен податок каде и за што конкретно се работи.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети една деценија е пратеник, но според имотната состојба што ја пријавил, не заштедил многу од функционерската плата.
Ахмети кој во Собранието се појавува само два, три пати годишно има куќа од 100.000 евра во Кичево, земјоделско земјиште од 30.000 долари во Албанија, а автомобил има неговата сопруга.
Неговиот сопартиец и координатор на ДУИ во Собранието Талат Џафери, има куќа во село Форино во Гостивар, вози Ауди А4 од 2008 година.
Во 2013 година си купил и стан во Скопје.
Мендух Тачи – лидерот на ДПА е еден од оние „вечните“ пратеници.
Од недвижен имот има две куќи во Тетово. А, навел дека вози БМВ старо 20 години и неговата сопруга која има Пежо.
Координатор на пратеничката група на ДПА е Имер Алиу. Тој, според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија, нема ништо на свое име.
Куќата е на неговите родители, автомобилот на име на неговата сопруга, а на негово име има само кредит кој го зел во 2011 година.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев не е пратеник. Неговиот имотен лист во Антикорупциската комисија е доставен како градоначалник на Струмица. Координатор на пратеничката група во Собранието е Горан Сугарески.
Прилепчанецот поседува дел од куќа во родниот град, но си купил и стан во Скопје во 2012 година. Поседува голема површина на земјиште, вози Сеат Кодроба, а во 2014 подигнал кредит во висина од 15.000 евра.
Имотниот лист на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски повеќе не е јавен и Антикорупциската комисија го повлече од интернет страницата. Според последните податоци од крајот на декември минатата година, имотот на Груевски, од 2006 година се зголемил седум пати. Тој од функцијата си замина со 200 илјади евра во пари. Но, остана мистерија чии се становите во кои што живее, оти според податоците во анкетниот лист, Никола Груевски не поседува недвижен имот.
М.Ј.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




