„Правда за жртвите“ - нов протест за случајот Онкологија

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2023
Пред Владата вечерва повторно има протести поради скандалот на Клиниката за онкологија, односно информациите дека персоналот продавал лекови на „црно“ на Косово. Обвинителството отвори истрага за случајот.
„Правда за жртвите“, пишува на голем транспарент кој го носат граѓаните.
„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, гласи пораката упатена од протестот.
Тие извикуваат „убијци“ и ќе се упатат кон Обвинителството. Организаторите нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства.
Пред Владата денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери.
И претходно имаше протести за скандалот на Онкологија.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски е гневен на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Млад скопјанец со украден автомобил прегазил жена и избегал

Полицијата го приведе лицето кое со автомобил сакало да удри во возилото на градоначалникот на Гази Баба

„ДЕЛ ГИ ДОНЕСОВ ВО ВМРО, ДЕЛ РАСТЕА ПОКРАЈ МЕНЕ“: Груевски гневен на Мицковски и на раководството на партијата

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите
