19 Јуни, 2025
0.1250

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

ЕСМ ги објави износите на добиените бруто плати во текот на 2024 на новите членови на Управниот одбор во компанијата, кои беа назначени за нови раководители на крајот на август лани по промената на власта. Месечните примања на директорите, ако грубо се пресмета, излегува дека достигнале до 2.500 евра нето.

Вкупниот износ на генералниот директор Лазо Узунчев, кој на чело на државните електрани дојде да раководи од приватниот сектор како претходен менаџер на „Нептун“ е 957.174 денари бруто за нешто повеќе од четири месеци. Треба да се знае дека сите директори на ЕСМ беа назначени истовремено на своите функции од страна на Надзорниот одбор. Реџеп Асани, заменик-генерален директор добил исплата од 899.139 денари. Директорот за финансиски работи Иван Стојановски има 788.934 денари, Ѓорѓи Ѓорѓиовски, директорот за правни и општи работи, кој сега е во оставка, примил 867.262 денари, додека кај Виктор Јовановски, директорот за комерцијални работи, е прикажана вкупна сума од само 278.957 денари бруто плата.

Зоран Коњановски, директор на производство, и Владимир Пејоски, директор на развој и инвестици, добиле износ на бруто плата од 1.729.244, односно 1.817.244 денари, но тука влегуваат и пресметките од нивниот претходен период како вработени во ЕСМ во текот на 2024.

Ако се погледнат претходните извештаи за работењето на ЕСМ од минатите години, излегува дека платите на членовите од Управниот одбор се значително повисоки од оние што ги добивале претходните раководства. Ако се конвертира бруто износот и се претпостави дека се однесува за период од четири месеци, платите на директорите се движат од 2.100 до 2.500 евра. Освен во Управниот одбор, ЕСМ има голем број директори и во подружниците и фирмите-ќерки. Платите изгледаат импресивно за прилики кога друштвото оствари загуба од зачудувачки 123 милиони евра за минатата година.

Од ЕСМ аргументирано објаснуваат дека платите на новото раководство остануваат со ист коефициент со одлука на Надзорниот одбор. На евентуалните промени може да влијае единстванео тоа што е зголемена просечната плата на национално ниво за 2024-та.

ЕСМ минатата година на 23 август објави дека по препорака на Владата од страна на Надзорниот одбор на државните електрани е избрано целосно ново раководство од осум членови, односно директори.

„Меѓу целите на новото раководство се оптимизација на трошоците, реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи, притоа професионално прилагодувајќи се на условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина“, беше соопштено тогаш од Владата.

За споредба Имер Зенку во текот на 2023 како тогашен заменик директор добил најголем бруто износ од околу 1,97 милиони денари во текот на 12-те месеи и тоа бил највисок износ (1.750 евра месечна нето плата), додека тогашниот генерален директор Васко Стефанов немал целосна година зад себе на својата функција.

Оваа година беше објавено дека претходното раководство добило и огромни суми како отпремнина за предвремено раскинување на менаџерските договрои. Инаку ЕСМ повеќе не ги објавува апанажите во извештаите. 

Од претходното раководство на ЕСМ, како што беше објавено, Зенку и Стефанов инкасирале 2,65 милиони денари (43 илјади евра), односно 2,8 милиони денари (45 илјади евра)   Виктор Андонов добил отпремнина од 2,3 милиони денари, односно 38 илјади евра, Благојче Трповски 2,5 милиони денари, односно над 40 илјади евра,итн. Доволно било само да биле невработени кога го поднеле барањето за отпремнина. Откако ќе ја добијат може и да се вработат.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена

Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена

УШТЕ ЕДЕН ЗАБОРАВЕН, ЗАПУШТЕН И ПОЛУ УНИШТЕН ОБЈЕКТ СЕ СТАВА ВО ФУНКЦИЈА“: Мицкоски го отвори Македонско село

УШТЕ ЕДЕН ЗАБОРАВЕН, ЗАПУШТЕН И ПОЛУ УНИШТЕН ОБЈЕКТ СЕ СТАВА ВО ФУНКЦИЈА“: Мицкоски го отвори Македонско село

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

„ЛАЖНО КАФЕ“ - ПРОДАВНИЦИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ФЕЈК ПРОИЗВОДИ, А НА НЕКОИ ИМ Е ИЗМИНАТ РОКОТ: Како да се препознаат?

„ЛАЖНО КАФЕ“ - ПРОДАВНИЦИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ФЕЈК ПРОИЗВОДИ, А НА НЕКОИ ИМ Е ИЗМИНАТ РОКОТ: Како да се препознаат?

Инженери на Македониja незадоволни од работата на РКЕ: Да се укине паушалното фактурирање на струјата

Инженери на Македониja незадоволни од работата на РКЕ: Да се укине паушалното фактурирање на струјата

ДОАЃА СМАРТФОН НА ТРАМП: Ќе биде „мејд ин Чајна? Еве од каде ќе се набавуваат компоненти за уредот

ДОАЃА СМАРТФОН НА ТРАМП: Ќе биде „мејд ин Чајна? Еве од каде ќе се набавуваат компоненти за уредот

„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПОЛЕКА ЌЕ ВЕ ЗАМЕНИ“: Извршниот директор на Амазон со лоша порака до вработените - Кратиме работни места

„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПОЛЕКА ЌЕ ВЕ ЗАМЕНИ“: Извршниот директор на Амазон со лоша порака до вработените - Кратиме работни места

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

КОНКУРЕНЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО: Ова ги плаши вработените или ги мотивира да бидат подобри?

КОНКУРЕНЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО: Ова ги плаши вработените или ги мотивира да бидат подобри?