Празна каса: администрацијата извиси, годинава нема да се зголемат платите!
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012 15:14
Во измените на Законот за исплата на плати, министерството за труд и социјална политика предлага: „ одлагање на планираниот пораст на платите од 5% за вработените во јавниот сектор од декември 2012 година за декември 2013 година. Дополнително во документите потпишани од министерот Спиро Ристовски пишува дека овој потег се прави заради „обезбедување на исплата на платите во рамките на планираните средства за плати за вработените во јавниот сектор.“
Сепак, ова не е прво одложување на зголемувањето на платите на администрацијата туку зголемувањето на платите се одложува во неколку наврати. Во 2007 година, премиерот Никола Груевски, придружуван од сите свои министри од говорницата во владината сала го најави зголемувањето на платите на вработените во администрација. Според најавата, до 2009 година платите на буџетарите требаше да се зголемат за 34% . Зголемувањето требаше да се одвива во фази односно по 10 насто годишно, сe до 2009 година, кога платите требаше да пораснат за 14 насто. Согласно овој план , платите на административците во 2007 и 2008 година пораснаа за 20 насто по што поради кризата следуваше замрзнување на останатиот дел од најавеното зголемување. Сепак, и покрај тоа што платите на администрацијата ќе останат замрзнати до крајот на 2013 година, тоа не важи за пензиите и социјалните надоместоци. Тие ќе добијат зголемување што според најавите треба да се случи во март.
Оваа најава неодамна стигна лично од премиерот Никола Груевски, кој на административците наместо за ветеното зголемување на платите им порача да не се грижат за своите работни места.
„Многу е веројатно дека Македонија во 2013-та година ќе биде единствена или една од ретките земји во Европа која во вакви услови ќе изнајде начин да ги зголеми пензиите на пензионерите и социјалните надоместоци на лицата приматели на социјални помошти “. Дополнително Груевски додаде „ во 2013-та година нема да дозволиме ниту масовни отпуштања од администрацијата заради заштеди во буџетот, ниту намалување на платите.“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





