15 Април, 2025
0.2642

Празни полици и драстични мерки поради коронавирусот: Македонци од Минхен со сведоштва за Фактор

Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Март, 2020 06:55

Добивај вести на Viber

Уште пред еден месец Германците почнаа поради коронавирусот да прават залихи од некои намирници. Денес тие слики, кои се забележливи и кај нас но и ширум Европа, се повеќе се гледаат и таму. Дел од граѓаните сами коментираат дека таквото однесување во купувањето, посебно на храна и конзервирана храна е забележливо, не во целата земја, но сигурно ширум неа.

Фактор контактираше наши државјани кои живеат неколку години во Минхен. Тие раскажуваат за моментната ситуација таму.


-Од пред два дена социјалниот живот е ограничен. Затворено е веќе се. Музеи, кината, театри а вработените делумно се ослободени до 20 април. Затворени се и спортските објекти, фитнес клубови, обложувалници и бордели. Забраната важи и за верските собири. Се затвораат и детските игралишта. Во дел од пекарите работното време е намалено, продавниците кои не продаваат прехрамбена храна се затвораат а рестораните ќе работат со скратено време. Во болниците засега нема промени во полето на работни часови-ракажуваат нашите соговорници.


Меркел во понеделникот вечерта вонредно и се обрати на нацијата и ги претстави новите пакет мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Канцеларката најави дека граѓаните не би требало и да патуваат.

-Да токму така, Меркел рече дека во овие моменти е најдобро да не се патува ниту да се оди на одмор, како внатре така и надвор од Германија, а рестораните може да бидат отворени само од 6 до 18 часот со задолжително придржување до максимален број на гости и растојание меѓу масите-велат за Фактор Македонци од Минхен.

Нашите соговорници раскажуваат дека голема паника нема, но залихи се купуваат посебно тоалетна хартија.

-И покрај големиот број на случаи на заразени со коронавирусот кој расте од час во час не се чувствува преголема паника. Некои сериозно ја сфатија ситуацијата, а други пак не. Продолжуваат да излегуваат, да се собираат како да им е сеедно. Додека пак има и такви кои сметаме дека треба да се заштитиме на време и да бидеме посериозни. Кај нас на работа во болницата каде што нашата фирма испраќа работници да чистат, максимално гледаме да биде се под контрола, се бара голема чистота а вработените се заштитени и опремени соодветно-велат нашите соговорници додавајќи дека и полиците во маркетите се празнат постојано а се купуваат основни намирници за по дома.

-Се купуваат намирници кои имаат подолг рок на траење, храна во конзерви и тестенини. По неколку дена не можеме да начекаме да купиме тоалетна хартија и средства за дезинфекција на раце. Зошто толку акцентот е ставен токму на тоалетната хартија навистина не знаеме и не можеме да разбереме. Сликите кои се споделуваат на социјалните мрежи во голем дел се вистински. Дека се купува тоалетна хартија ко лудо навистина се купува-ни раскажуваат.


Мерките во Германија ќе важат на „одредено време“ а властите таму најавија дека ќе го контролираат нивното спроведување.

Од забрана за работа, исклучоци има кај самопослуги, аптеки, продавници за пијалок, дрогерии, пет шоп продавници и цетри за продажба на градежни материјали и домашни намирници. Од забрана се изземени и фризерите а целта на Меркел наводно е одржување на животот „во најголема можна мера“.

До синоќа бројот на заразени од КОВИД-19 во Германија изнесуваше 9,257 , од кои 24 смртни случаи и 67 излекувани.


Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

„Претседателот Илон“: Како Маск успева да го прави тоа што го сака во Белата куќа

„Претседателот Илон“: Како Маск успева да го прави тоа што го сака во Белата куќа

ОД ВОДИЧИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ, ДО ВЕЖБИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА: Дали Европејците сериозно ќе ги сфатат овие упатства?

ОД ВОДИЧИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ, ДО ВЕЖБИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА: Дали Европејците сериозно ќе ги сфатат овие упатства?

ДО КАДЕ СЕ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА? Еве што вели Трамп

ДО КАДЕ СЕ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА? Еве што вели Трамп

НАТО ФОРМИРА КОАЛИЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА ВОЈНА: Што точно вклучува и кои земји се вклучени?

НАТО ФОРМИРА КОАЛИЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА ВОЈНА: Што точно вклучува и кои земји се вклучени?

ЕВЕ ШТО ИМ СЕ ПОДГОТВУВА НА ОНИЕ КОИ НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ - ќе има заострување на правилата од од новата Влада

ЕВЕ ШТО ИМ СЕ ПОДГОТВУВА НА ОНИЕ КОИ НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ - ќе има заострување на правилата од од новата Влада

ГО СЛАВЕЛЕ ДЕВЕТТИОТ РОДЕНДЕН НА ЕДНА ОД НИВНИТЕ ЌЕРЌИ“ - загина целото семејство на директорот на шпанскиот огранок на „Сименс“, како и пилотот

ГО СЛАВЕЛЕ ДЕВЕТТИОТ РОДЕНДЕН НА ЕДНА ОД НИВНИТЕ ЌЕРЌИ“ - загина целото семејство на директорот на шпанскиот огранок на „Сименс“, како и пилотот