Пречка за Патоказот не беше Германија, туку Михаел Рот, вели Ковачев
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2021
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека пречка за Патоказот не беше Германија, туку Михаел Рот.
„И досега сум кажал, не беше пречка Германија, туку одреден нејзин човек, од нејзиното Претседателство. Не сакам да влегувам во повеќе детали. Но, тоа е решението, да, Патоказ со јасни гаранции, што ќе биде во преговарачката рамка и тоа во т.н. кластер Fundamentals“, вели Ковачев во интервјуто за агенцијата Фокус, кое што го пренесува бугарски Факти.
Ништо не навестува дека Бугарија ќе ја тргне блокадата, за да може Македонија да ги почне преговорите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.