19 Декември, 2025
0.1523

ПРЕД ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид - Свети Наум

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 10:20

Добивај вести на Viber

Денес официјално е пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри пред почетокот на летната туристичка сезона. Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.

„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец. Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија“, објави денес владата.

Важноста на делницата Охрид-Св.Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија, а цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година.

Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и се монтираше заштитна челична мрежа на косините.

Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница ќе се подигне и безбедноста во сообраќајот.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд