19 Декември, 2025
0.0401

Предизборна кампања и се е можно, па дури и рекламирање на непостоечка фабрика!

Објавено во: Економија 22 Март, 2013 08:16

Добивај вести на Viber

Во предизборната кампања се рекламира странска инвестиција која се уште не е реализирана. Индиската компанија Мадерсон груп која во 2011 година постави камен темелник на Бунарџик и од тогаш нема никаква активност во земјава, е еден од адутите на владејачката партијата, со кој ги повикува граѓаните да гласаат за дела. Видео спотот го има на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ на Youtube, меѓу кој се наоѓаат и спотовите за Кромберт и Шуберт, Џонсон Мети и Кемет, Ван Хоол, Алијанс груп, и други кои веќе произведуваат или  имаат изградено капацитети во земјава. Од индиската Мадерсон груп ни трага ни глас Самвардана Мадерсон груп во август 2011 најави изградба на дури два капацитети во Бунарџик, од кои едниот за производство на лиени делови а другиот за стакло за ретровизори. Беше најавено дека фабриката ќе почне со производство веќе од август 2012 година, но до денеска на Бунарџик се уште стои само камен темелникот. Почетната инвестиција беше предвидено да чини 12 милиони евра и да вработи 140 лица. „Во првата фаза, инвестицијата ќе биде со вкупна вредност од 12 милиони евра, а во двата погони ќе се вработат 140 луѓе. Во разговорите кои ги имав со сопственикот на компанијата, тој ми најави дека се заинтересирани и за изградба на други капацитети во Македонија“, изјави на 31.08.2011премиерот Никола Груевски. прилог: Видео со спотот за Мадерсон

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар