ПРЕДИЗБОРНИ ТРОШЕЊА: За месец и пол – буџетски дефицит од 141 милион евра!
Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2014 09:08
“Најголемо учество во категоријата капитални расходи имаат расходите за градежни објекти кои се реализирани во износ од 989 милиони денари. Од овој износ 240 милиони денари се исплатени за извршени работи на Коридорот 10, а останатите се однесуваат за расходи за изградба и реконструкција на школи, здравствени установи, спортски објекти, водоводи и канализации и др. Во рамки на капиталните расходи трошоците за купување на возила реализирани се во износ од 449 милиони денари“ - пишува во Предизборниот финасиски извештај на Министерството за финасии.Еве колку пари и за што биле потрошени и во периодот од две недели по распишување на изборите: Социјални трансфери 139,5 милиони евра Плати и надоместоци 56,0 милион евра Стоки и услуги 65,0 милиони евра - Договорни услуги 46,2 милиони евра - Комунални услуги 8,0 милиони евра - Патни и дневни расходи 1,3 милиони евра Штети од непогоди 0,5 милион евра Капитални расходи 33,2 милиони евра - рата за автобуси 7,3 милиони евра - амбулантни возила 1,9 милиони евра Субвенции 31,9 милиони евра Во својот извештај, Министерството за финансии констатира дека во текот на овој период, „со реализираните исплати се обезбедило нормално функционирање на работата на државните институции“
“Со ваквата реализација се обезбеди нормално функционирање на сите институции - корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски.“ - пишува во Предизборниот финансиски извештај.По основ на камати за користени кредити и издадени државни хартии од вредност, од јануари до 14 февруари биле исплатени речиси 12 милиони евра. Според Министерството за финансии, реализацијата на приходите и расходите на Буџетот е согласно планираната динамика која и непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот. Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





