05 Декември, 2025
0.1747

Предизборно ветување: Ќе ги добие ли Скопје трамвајот и ски патеките на Водно?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2013 08:38

Добивај вести на Viber

Еден од главните адути на градоначалкникот на Град Скопје Коце Трајановски на последните локални избори беше проектот Трамвај. Последниот тендер за избор на фирма за јавно приватно партнерство за трамвајскиот систем, пропадна. Една од причините беше тоа што на јавниот повик единствената компанија што се пријавила, Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација, не ги исполнила тендерските услови. Потоа градските власти решија прво да најдат консултант за изработка на проект, па потоа да се објави меѓубнародниот тендер за избор на јавно приватно партнерство за изградба на долго најавуваниот трамвајски систем. Крајниот рок за доставување на понудите за консултант беше на 23 септември. Консултантот треба да  им дава советодавни услуги на градските власти за реализацијата на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајски систем за превоз на патници во Скопје -Постапката за избор на консултант за проектот Трамвај е во завршна фаза и по потпишувањето на договорот Град Скопје ќе ја информира јавноста, објаснуваат од Градот Скопје. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 243 милиони евра. Засега не е познато дали ќе има промена во тендерските услови. Според условите во претходниот тендер в инвестицијата со по 50 % ќе учествуваат Градот Скопје и Владата. Концесионерот е должен да изгради трамвајска линија со должина од 24 км,  трамвајски станици, депоа, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување (вршење јавен превоз на патници) и да ја одржува трамвајската линија. Со трамвајскиот систем е предвидено концесионерот да стопанисува 35 години, а по истекот на овој период, приватниот партнер е должен предметот на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство со сите додатоци и подобрувања да го предаде во владение на Градот Скопје, кој понатаму ќе продолжи да ја врши дејноста превоз на патници. Скопјани требаше да добијат трамвај уште од времето кога во градоначалничката фотелја седеше Трифун Костовски, кој тогаш го најави како клучен проект. Градот не се откажува од ски-патеката на Водно И покрај неколкуте пропаднати тендери за избор на концесионер за изградба на ски-патеката на Водно, градоначалникот Трајановски не се откажува од овој проект. Последниот тендер пред неколку месеци пропадна бидејќи немаше ниту еден заинтересиран инвеститор. Нов оглас сеуште не е распишан, но Градот одлучи прво да врши испитување на подземни води на планината Водно. За таа цел од градската каса се издвоија 65.000 евра за испитувањето на подземни води што  ќе ги врши градежниот институт "Македонија", со кој е пот­пи­шан договор со преговарање. - Град Скопје не се откажува и понатаму прави сериозни напори за реализација на проектот ски патеки на Водно. Со овој проект значително ќе се зголемат спортско-рекреативните содржини и туристичката понуда на Град Скопје. Распишувањето на тендерот за пронаоѓање на води е проект кој на  индиректен начин обезбедува водоснабдителна инфраструктура за Врвот на Водно, а со тоа и за предвидените спортско рекреативни содржини. Ски патеките се  проект кој на граѓаните на Град Скопје, но и на останатите домашни и странски туристи ќе им обезбеди квалитетни услови за спорт и рекреација. Град Скопје овој проект како  што е предвидено планира да го реализира со приватно јавно партнерство и за понатамошни активности  благовремено ќе ја информира јавноста, велат од Градот Скопје. Според условите во последниот јавен повик, со проектот е предвидено изградба на 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри, три ски лифта, со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха со должина од 160 метри, еден ресторан од 200 метри квадратни, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа од 240 метри квадратни,  моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, акумулација вода и систем за технички снег. Приватниот партнер е должен да ја изгради патеката, да ја управува и одржува во следните 25 години. Идејата за овој проект датира уште од 2009 година. И тогаш о сега наиде на остри критики од опозициските советници, според кои овој проект е неиздражан и инвестицијата ќе биде загубена, поради тоа што патеката ќе се протега на јужните падини на Водно и нема да има доволно снег. Но од Градот не се откажаа, а нивните аргументи се дека е мож­но при­род­ни­от да се за­ме­ни со ве­штач­ки снег. Заедно со проектот Трамвај, Панорамско тркало и подземната сообраќајница и ски-патеката на Водно спаѓа во еден од покрупните проекти на градските власти. Така во годинешниот буџет се предвидени   близу 114 илјади евра за консултантски услуги за подземната сообраќајница, трамвајот, реклами и ски-патеката. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите