Предлог на Мицкоски: Британски полицајци заедно со македонските да ги чуваат границите од илегални мигранти
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 22:57
Полициски офицери и припадници на британската армија да дојдат во земјава и заедно со своите македонси колеги да ги чуваат јужната и источната граница од илегални мигранти.
Овa го предложил премиерот Христијан Мицкоски на својот британски колега, Кир Стармер на нивната тет-а-тет средба што денеска ја имале на маргините на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржува во Лондон, а на кој една од темите е и илегалната миграција.
„Ние практично ја браниме Европа од Европа, бидејќи кај нас мигрантите реално влегуваат од земји членки на Европската Унија. Ја изнесов оваа идеја и пред премиерот Стармер на билатералната средба, дека би биле добредојдени британски експерти, британска експертиза, па дури и полициски офицери и припадници на армијата на Велика Британија, да заедно со нашите припадници ја штитиме нашата јужна и источна граница од нелегалната миграција и на тој начин да ја штитиме и Европа. Ја презентирав нашата отворена покана“, рече Мицкоски.
За средбата со Стармер, кој е домаќин на Самитот, македонскиот премиер претходно информираше преку објава на социјалните мрежи, во која наведе дека со премиерот на Британија разговарале за унапредување на билатералните односи.
Фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





