Добивај вести на Viber
Денеска ќе биде презентиран Предлог законот за заклучување на стечајните постапки. Според најавата, тоа ќе го сторат Министерот за економија Ваљон Сарачини, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и заменик министерот за правда Билјана Бришкоска – Бошковски.
Овој предлог законот се однесува на заклучување на стечајните постапки кои се отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај.
Новото законско решение беше најавувано подолг периот, а има за цел во рок од една година, да овозможи да се решат сите стечајни постапки кои се подолго време отворени.
Во текот на измината седмица исто така беше објавено дека за помалку од една година треба да се решат застарените стечајни постапки, откако владата го усвои законот за финиширање на стечаите меѓу 1989 година и 2011 година. Ова значи дека треба за се затворат 300 постапки. Помеѓу овие 300 , се споменуваат компаниите како ТИПО, дел од Железара, Маврово, МЗТ, Центро, Порцеланка, ЗИК комбинатите, случајот Фиком и слично.