02 Мај, 2024
0.3632

ПРЕДЛОГОТ ОТФРЛЕН: Еве зошто Швајцарците не сакаат државата да им дава по 2500 франци месечно

Објавено во: Економија, Свет 06 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Швајцарците на вчерашниот референдум масовно го отфрлија воведувањето на основниот безусловен приход за секој, предлог кој предизвика големи расправи во земјата

Гласачките места беа затворени напладне, а конечниот резултат од референдумот покажа дека референдумот е отфрлен.

Според националата проекција која ја објави телевизијата, 78 одсто од Швајцарците го отфрлиле предлогот за задолжителен приход за сите.

Иако идејата звучи утопистички, активнистите пред речиси три години успеаја во Швајцарија да соберат 116 000 потписи со кои граѓаните бараат одржување на референдумот за тоа прашање.

После свеченото примање на потписите за воведување на БТД, швајцарската влада во согласност со обврските распиша референдум.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/IndyVoices/status/739454248329445377?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Швајцарските граѓани така се први на светот кои со референдум одредиле дали државата треба секој месец да им исплатува одредена сума пари за покривање на основните животни трошоци, без разлика на тоа колку се богати или колку заработуваат, односно дали треба во Уставот да стои таква обврска.

Иницијаторите на референдумот, во согласнот со трошоците за живот во Швајцарија, предложија висината на БТД за возрасно лице да биде 2500 швајцарски франци месечно и 625 франци за дете. Предложиле исто така тој надомест да го добива секое лице во Швајцарија, од раѓање па до смртта, без резлика на тоа дали работи или не и без разлика на тоа дали е швајцарски граѓанин.

Единствено на тој начин, сметаат дека државата на секој би му овозможила достоинствен живот, би го искоренила базичното сиромаштво и би му овозможила на секој човек да ги искористи своите потенцијали.

Многу брзо после предадените потписи швајцарската влада објави препорака со која ги посоветува граѓаните да ја одбијат таквата идеја на референдумот бидејќи би можела да има „значајни негативни последици на швајцарската економија и социјален систем“.

Во базичната евалуација која ја објавила, нагласила дека воведувањето на БТД би можело да доведе до сериозен пад на бројот на вработени, посебно во лошо платените занимања, меѓу оние вратботени на скратено работно време како и меѓу жените и мајки.

И тој рамковен износ се однесувал на модифицирана верзија на БТД кој не би се исплаќал за сите, туку само за граѓаните на Швајцарија со најмалку три години престој во земјата (како би се спречил наплив на мигранти) и оние кои работат или не заработуваат месечно помалку од 2500 швајцарски франци.

И оние кои заработуваат повеќе од тој износ, со воведување на БТД само би им се рекласификувало месечното примање: првите 2500 франци би се сметало за подмирување на БТД-то, кое лицето би продолжило да го прима и ако остане без работа. Оние кои заработуваат помалку од БТД државата би ја им доплатувала разликата.

Од есента 2013 година кога успеале да соберат доволно број на  потписи, состојбата во Европа значајно се променила: идејата била се погласна, организирани се низа конгреси, се поголем број на држави сериозно ја оцениле оваа идеја, Холандија најави дека ќе почне со пилот проект на БТД во Утрехт, а Финска како прва земја на светот, најави дека БТД ќе воведе од 1 јануари 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија