Предупредување: Снабдувањето со гас во Македонија е пред колапс!
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2012 14:28
Првиот човек на гасната компанија ГА-МА, Ратко Манов денеска обелодени дека фирмата се наоѓа во тешка ситуација, поради лошо планираниот енергетски биланс. „Нашиот ценет нов потрошувач ТЕ ТО, комбинираната гасна централа која во моментот не работи и не произведува електрична и топлинска енергија во изминатиот период ги направи најголемите проблеми во транспортниот систем ГАМА“ вели Манов. Имено регулаторната комисија за енергетика ги уважила податоците од ТЕТО, дека ќе поторши околу 350 милиони кубни метри гас. Од нив, вели Манов, ние транспортиравме само 66 милиони и тоа ни направи сериозен проблем.
- Дојде и тоа време кога ние се наредивме во банките за да земеме кредит за да го опслужуваме системот во експлоатација заради вас ценети потрошувачи, но веројатно тоа ќе потрае уште малку, и ќе бидеме принудени да ве известиме за она што нам ни се случува и ќе бараме „чаре“ на друго место. Овде сакам да потенцирам гледајќи ги табелите, не сакам да покажувам со прст што направиле господата од ТЕТО, какви податоци напишале, но ви иднина јас ќе инсистирам, не само на вакви собири, туку и кај регулаторната комисија за енергетика доколку ги вградува овие желби на потрошувачите, тогаш како што велат Русите: Повелете платете го закупот на тие количини во цевководот за да не страдаат другите потрошувачи, нема проблем, тогаш може, цената ќе биде регулирана врз основа на тие количини и ќе може да фунцкионираме нормално. Доколку тоа не се случи, тогаш ние се доведуваме како транспортна фирма односно управувачи на системот за транспорт во Македонија да колабираме, а тоа ќе се одрази на сите потрошувачи и на стопанството во Реублика Македонија, изјави Ратко Манов, директор на претпријатието за гас ГА-МА. Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





