ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Балканот може лесно да пламне
Објавено во: Балкан 12 Април, 2018 17:46
Поминаа повеќе од две децении откако работев со Ричард Холбрук и нашиот тим во преговорите за ставање крај на војната во Босна, вели Весли Кларк во колумна за Вашингтон пост.
НАТО се распореди, а потоа и дејствуваше да го спречи српското етничко чистење на Косово.
Денес, три земји од Западен Балкан (Хрватска, Албанија и Словенија) веќе се членки на НАТО. Хрватска и Словенија ѝ се приклучија на Европската Унија. Косово сега е независна држава. Повеќето Американци и Европејци ментално го штиклираа овој брутален конфликт како решен проблем, се вели во анализата.
За жал, ова е далеку од вистината, додава Кларк. Според него, има постојана опасност трајните политички конфликти од етнорелигиозен карактер кај овие нации да метастазираат во национални и регионални кризи, со што регионот станува главна цел за мешање на странските сили. Смета дека поради запаливата комбинација од лошо владеење, економска стагнација и слаби демократски институции, едно мало, но значајно малцинство останува ранливо за регрутирање од насилните џихадисти. Поради сето тоа регионот сè уште е зрел за експлоатација од страна на терористички организации и мешање на аутсајдери, вклучувајќи ги и Русија, Кина и Турција.
„За да бидат работите уште полоши, регионот страда од занемарување од страна на демократиите што беа клучни за ставање крај на војните во Југославија. Верувајќи дека демократската иднина на Балканот лежи во ЕУ-членството, САД во голема мера му ја пренесоа на Брисел одговорноста за политичкиот, институционалниот и економскиот развој на регионот. Сепак, политичката инерција во самата ЕУ ги остави Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија да чекаат пред вратата. И додека САД и Европа спијат, други сили го вртат вниманието кон нив“ - пишува тој.Според него, Кремељ веќе одамна го зголемува своето влијание, работејќи на зголемување на анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите. Покрај тоа, како што вели Кларк, Русите ги поддржуваат екстремистичките групи, ги поттикнуваат православните против муслиманските народи, свесно предизвикувајќи зголемување на тензиите, поради кои имаше војни на просторот на поранешна Југославија во 90-тите години.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




