29 Април, 2024
0.0255

Изборите реалност или лудило, спас за власта или потоп за опозицијата, ги прашува ли некој граѓаните?!

Објавено во: Анализа 25 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Различни коментари на интелектуалната и политичката елита за предлогот на Груевски кој вклучува можност за предвремени избори уште во октомври годинава. Ексклузивно за Фактор еве што изјавија Алберт Муслиу, аналитичар, Ерол Ризаов, новинар, Павле Трајанов политичар, Мерсел Билали, професор Љупчо Зиков политичар и  Оливера Трајковска, новинар. Оливера Трајковска: Груевски даде небулозни предлози за кои знае дека ќе бидат одбиени! Мислам дека Никола Груевски вчера даде два небулозни предлози за кои однапред знаеше дека ќе бидат одбиени и токму затоа и ги даде. Мислам дека засега во Парламентот нема мнозинство за предвремени параментарни избори и дека тој предлог е блеф. Што тогаш направи вчера Груевски, тоа беше настап на божемна жртва кој прави се за европските перспеткиви на земјата. Oпа. Секогаш форма, малку содржина. Каков е тој квиз од избори од кои две веризии на писма ќе патуваат во Брисел. Препораката не зависи од победничкото писмо,  туку од суштината на политичкиот дијалог. Мартовскиот договор има повеќе елементи од само рок во кој на 13-ти октомври Груевски ќе стигне да го испрати писмото. Првиот предлог не сакам да го коментирам, бидејќи е навредлив и нема никаква врска со идejата да се утврди вистината за настаните од 24-ти декември.  Се друго што кажа Груевски е да го засили впечатокот на човек кој бил подготвен да даде се, толку многу се, што вели дека мислел оти Уставот е прекршен и дека тоа е дело на СДСМ, ама сето тоа не сакаме да го кажат за мир во куќа. Алберт Муслиу: Малку е веројатно дека ДУИ ќе прифати избори во октомври! BD1DF1DB444BE34C9B291DFFFB8A02FC Прво треба да се причека мислењето на коалицискиот партнер во владата на ВМРО ДПМНЕ, тоа е ДУИ. Тие во изминатиот период, особено последните месеци изјавуваа дека не се за предвремени избори. Кај нас секоја година се зборува за превдеремени парламентарни избори. Кога зборувам за ДУИ, нивните активности  се во правец на решавање на некои од горливите прашања, а не се насочени на избори. Можноста за предвремени парламентарни избори на 13 октомври теоретски постои, но според мене малку е веројатна опцијата дека ДУИ би прифатиле предвремени избори.. Околу не постигнатиот договор за собраниските инциденти од 24 декември, за мене тоа е разочарување. Ние не бевме наивни дека таму се ќе тече мазно, но од друга страна, не само кон меѓународниот фактор, туку и кон граѓаните двете најголеми партии требаше да покажат доблест дека можат да се соочат со проблемите. Ние како држава го преживеавме 24 декември, но и двете партии требаше да имаат храброст да направат извештај и да го прифатат. Не може државата да фунцкионира, ако нема политичка зрелост, ако партиите не се способни да се соочат со проблемот. Јас сум приличнио сигурен дека веќе од денес ќе започне префрлањето на вината, но мене како граѓани тоа не ми ги решава проблемите. Како и да е, предвремени парламентарни избори ќе има, но не на 13 октомври. Мислам дека ќе го стигнеме состанокот на ЕУ без предвремени избори. Што се однесува до албанскиот политички блок, сметам дека албанските партии требаше поактивно да се вклучат во надминување на овој проблем, да ги охрабрат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да излезат со конечен извештај. Нив како да не ги интересираше овој проблем. Тие сега можеби ќе велат ние ја загубивме препорака за евроатланските интеграции, ама не сме ние криви, но тоа е погрешно. Како и да е решение треба да понудат политичарите, а ние како аналитичари можеме само да им понудиме идеи. Ерол Ризаов: Груевски е гневен, користи јазик на омраза и делби! rizaov faktor Мислам дека е премногу сериозна работата, за да може малку налик на кафеанска расправа да се изнесува лутината на премиерот пред јавноста. Ако веќе е важно како ќе изгледаме пред Брисел, а не само во Македонија, тогаш владеачката партија можеше да гласа и против својата определба и сите заедно да испратат едногласна порака до Брисел и тогаш можеше исто така да каже дека и покрај тоа што не се согласуваат со извештајот сепак во интерес на државата направиле таков чекор. Во една таква ситуација јас би верувал дека државните интереси се над партиските, вака излегува дека партиските се над државните интреси. Вториот момент, интонацијата на говорот на премиерот кон јавноста е скандалозна. Тоа е јазик на омраза и на делби, тоа не е јазик на толеранција, демократија, политичка култура. Човекот е лут, гневен, оти не се прифаќа тоа што го предлагат неговите пратеници. Таквата интонација може да се употребува кон неговите подржувачи, но не и за оние кои го критикуваат, а тој има омраза кон граѓаните кои не ја подржуват неговата политика. Но, има анимозитет и кон неутралните граѓани. Неговата порака е демек ние ја зборуваме вистината,  друга вистина нема, тоа беа јасни пораки кои се чустувуваа од него. Што се однесува до предвремени парламентарни избори, ВМРО ДПМНЕ осма година се на власт и тоа би биле осми избори. Демократијата е скапа работа, но за една Македонија осум избори кои чинат стотици милиони евра е многу. Павле Трајанов: Ако СДСМ не оди на избори ќе биде во катастрофална позиција! pavle-TRajanov- Мислам дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори, бидејќи штом не се усогласија ставовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во ад хок комисијата, неминовен беше ваков епилог. Нема прецизно согледување, но како што сега стојат работите, веројатно ќе се оди на избори. Јас не гледам друга алтернатива за излез од политичкиот ќорсокак. Според мене, има многу партии што ќе одат на избори, тука се ппартиите ЛДП, ВМРО НП, Алијансата за позитивна Македонија на Јорданов, Бучковски и Зиков, понатаму партијата која ја најави Стевче Јакимовски. Мислам дека доколку СДСМ не одни на избори нивната позиција би била катастрофална Како и да е, не мислам дека ќе има било каков компромис како начин за излез од политичкиот ќорсокак. Љупчо Зиков: Алијанса за позитивна Македонија е подготвена за избори! LjupcoZikov_Repub03 Страшно е што од сево ова со комисијата и партискиот судир меѓу ВМРО и СДСМ најмногу изгуби Македонија и нејзините граѓани. Значи, ова на еден начин според нас беше очекувано, особено ако се следеа последните неофицијални изјави и од ВМРО ДПМНЕ и од  СДСМ. Ние како Алијанса за позитивна Македонија сметаме дека требаше да биде постигнат договор и да имаше конечен извештај за собраниските инциденти од 24 декември, минатата година. Сметаме дка е пропуштена голема шанса за да пред Еверопската Унија оставиме пристоен изглед и да спасиме колку што може од целава ситуација. За жал, двете најголеми политички партии не беа на висината на задачата односно не успеаа да ја зачуваат европската препорака. Е сега, топката е во дворот на СДСМ. Ние како Алијанса за позитивна Македонија се подготвуваме за избори, па ако тие се случат и на 13 октовмри, а тоа и ќе го обзнаниме деновиве. Подготвени сме да излеземе на избори. Лични сметам дека на 13 октомври нема да има предвремени парламентарни избори, но дека сега ќе се влезе во дебата за точниот датум на избори. Засега планот е дека ќе настапиме самостојно, но не се исклучени и коалиции, секако доколку програмските определби ни се слични со некоја друга партија. Мерсел Билали: Тоа е лудило, СДСМ не смее да прифати избори! Aktuale-MerselBilali_298113201 Мислам дека тоа е лудило. Тие прво треба да кажат што со ветувањата од минатите избори. Кај се осумте милјадри евра инвестиции?! Прашувам, дали изборите стаанаа нивен спорт. Која е поената на тоа што имаме избори секоја година, што добиваме ние граѓаните со тоа. Според мое мислење, опозицијата не треба да прифати предвремени парламентарни избори на 13 октомври. Околу собраниските инциденти од 24 декември минатата година, мене не ме интересира многу тоа, затоа што оваа власт веќе има многу поголеми гревови, тоа беше уште еден од низата кои ја надоплнија сликата на нивното владеење. Што се однесува до албанскиот политички блок, сметам дека ќе направат многу голема грешка доколку прифатат предвремени парламентарни избори. Нелегитимно и неморално е да прифатат избори кога евроинтеграциските процеси се цело време закочени, а судејќи според нивните досегашни изјави мислам дека токму тие беа најмногу заинтересирани за деблокада на евроатланската иднина на Македонија. Редакција Фактор