20 Декември, 2025
0.0650

Предвремените избори во Грција – не дали, туку кога!

Објавено во: Балкан 17 Август, 2015 13:55

Добивај вести на Viber

Политичката ситуација во Грција се усложнува и земјата оди уште во подискретни и предвремени парламентарни избори. Во интервју за грчката телевизија „Skai“ енергетскиот министер Панајотис Скурлетис изјавил дека по расцепот во „СИРИЗА“ е потребно владата да побара гласање за доверба, пишува „Economic Times“.

Ова е првото јавно искажување на член на владата во Грција дека премиерот се подготвува да ја преброи и да ја потврди поддршката на пратениците во парламентот. Опозициските партии веќе рекоа дека нема да гласаат „за“ кабинетот, иако досега даваа „зелено светло“ на нејзината политика.

Всушност гласањето на доверба е дури задолжително за владата на Алексис Ципрас. Во последното гласање во пленарната сала во петокот за договорот со кредиторите за уште една спасувачка програма премиерот ја изгубил поддршката на пратениците од неговата партија и поддршка за неговите активности гласаа само 118 пратеници од владејачката коалиција.

Според парламентарните правила во Грција една малцинска влада има потреба од поддршката на барем 2/5 од пратеници од 300-члениот парламент, за да преживее гласањето за недоверба.

Управувањето со малцинска влада сепак едвај одговара на потребите на Ципрас. Неколку пати тој веќе изјавил дека прво ќе се договори за третата спасувачка програма за земјата и тогаш ќе се зафати со внатрешната опозиција. Сето тоа мораше да биде решено на вонреден конгрес на коалицијата во септември.

Сега третиот пакет за Грција е договорен со кредиторите и се очекува да биде одобрен конечно оваа недела. Тоа значи дека, сепак, претстојат уште многу тешки реформи и закони, а Ципрас не може да смета секогаш на опозицијата, за да ги усвојува по деноноќните дебати во парламентот.

Предвремени избори може да му дадат на лидерот на „СИРИЗА“ удобно мнозинство врз основа на прелиминарните анкети, со што ќе може лесно да ги усвојува потребните закони.

Значи дилемата на Ципрас е не дали, туку кога да одржи избори. Гласање во септември (со коментирани веќе датуми на 13 или 20 септември) ќе значи дека владата ќе може да ја искористи силната поддршка на Грците.

Алексис Ципрас се прифаќа во земјата како борец за правата на земјата, се противеше на политиката на Германија. Уште повеќе, дека дури и канцеларката Ангела Меркел зборуваше за некое олеснување на условите на кредитите за Атина макар и во однос на каматните стапки и роковите за отплата, а не за простување, какви што барања има Владата на Ципрас, која дојде на власт во почетокот на годината.

Опозицијата внатре во „СИРИЗА“ пак нема да имаа многу време да се подготви за експресното гласање во септември.

Избори во септември, сепак, ќе значат и забавување на реформите, што нема да се прифати баш добро од европските кредитори.

Затоа во октомври Ципрас ќе ужива силна европска поддршка и најверојатно првите позитивни извештаи од спроведувањето на мерките за планот, но пак Грците ќе ги почувствуваат првите негативни ефекти од строгите реформи и орелот околу лидерот на „СИРИЗА“ ќе биде помрачување.

Има и опција и со создавање на влада на национална согласност, за да се избегне и политички колорит на проблемите во земјата. Менталитетот во моментов, сепак не укажуваат дека таквото обединување е можно.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација