Предвремените избори во Турција може да се на 1 ноември
Објавено во: Балкан 20 Август, 2015 12:01
Централната изборна комисија (ЦИК) на Турција го предложила датумот 1 ноември за предвремени избори, објави веснико „Хуриет“.
Одлуката за предвремени избори доаѓа откако напорите за составување на коалициска влада на Партијата на правдата и развојот пропаднаа.
Централната изборна комисија составила календар, според кој подготовките за гласањето би требало да заврши за 60 дена, во случај да се земе официјална одлука за предвремени избори, објави агенцијата Анадолија.
Предлогот за календарот бил претставен на членови на четирите политички парламентарно претставени партии, се вели уште во соопштението на агенцијата.
Претходно оваа недела турскиот „ЦИК“ одлучил дека во случај на „повторување на парламентарните избори“ има моќ да се скрати 90-дневниот период предвиден пред изборите.
Постапката била забрзана откако лидерот на „АКП“ Ахмет Давутоглу го вратил мандатот за составување на влада на претседателот Реџеп Ердоган. Рокот од 45 дена за формирање на влада истекува на 23 август, отворајќи пат за предвремени избори.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




