26 Ноември, 2024
0.0341

Преглед на тековните настани и влијанија врз пазарите на капитал

Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Врз основа на охрабрувачките макроекономски податоци и поволните прогнози на централните банки за идната монетарна политика, најследените берзански индекси продолжија да растат минатата недела.

Во последниот квартал годишниот економски раст на американската економија уште еднаш ги надмина прогнозите на економистите и изнесуваше 3,3%. Американската економија продолжува да расте побрзо од долгорочните трендови и покрај повисоките каматни стапки. Силните макроекономски податоци од САД го поттикнаа растот на најследените американски берзански индекси, кои минатата недела повторно урнаа рекорди.

Сезоната за објавување на квартални резултати на котираните компании деновиве е на врвот. Севкупно, резултатите на компаниите во рамките на S&P 500 кои веќе објавија не се толку импресивни како што се очекуваше, со оглед на тековните вреднувања. Помеѓу најследените компании, негативно се издвои особено Tesla, каде што се повеќе ја чувствуваат конкуренцијата од поевтините кинески производители на автомобили како BYD, Xpeng и Nio.

Пазарниот удел на кинеските електрични автомобили во Европа се приближува до 10%. Кинеските производители се во голема мера субвенционирани од кинеската влада, што им овозможува да бидат поконкурентни во цената. Самитот на ЕУ веќе одговори на ова минатата година. Бидејќи автомобилската индустрија е од најголема важност за европската економија, се почесто се споменува можноста за воведување антидампинг мерки или зголемување на моментално важечката тарифа од 10% за автомобилите од кинеските производители.

Европската централна банка минатата недела ги задржа клучните каматни стапки непроменети. Пазарите беа особено задоволни од процесот на ублажување на инфлаторните притисоци. Норвешката, канадската и јапонската централна банка исто така ги задржаа каматните стапки непроменети минатата недела. Доколку нема поголеми изненадувања, оваа недела на истиот потег ќе се одлучат  американската и британската централна банка.

Кинеските акции забележаа малку поконкретно враќање минатата недела. Кинеската централна банка најави намалување на задолжителната резерва и пониски каматни стапки за заемите за малите и средни претпријатија и руралниот развој. И покрај отскокнувањето, кинеските индекси се длабоко во црвено во споредба со истиот период минатата година. За одржливо и долгорочно закрепнување, покрај стимулот, ќе биде неопходно повторно да се зајакне довербата на кинеските потрошувачи и странските инвеститори.

Целосниот преглед на тековни случувања прочитајте го на линкот подолу

Пријавете се за финансиско советување

Прочитај повеќе

Можности за вложување во фондови


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

Успешно заврши настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, организиран од М6 Едукативен центар

Успешно заврши настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, организиран од М6 Едукативен центар

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ