19 Декември, 2025
0.2739

Преговорите помеѓу Грција и кредиторите се одложуваат за неколку дена

Објавено во: Балкан 26 Јули, 2015 10:57

Добивај вести на Viber

Преговорите помеѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори за новиот пакет за спас на Атина ќе бидат одложени за неколку дена поради организациски проблеми, изјавил претставник на Министерството за финансии на Грција.

Средбата со претставниците на Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) требаше да започне во понеделник, но се одложи поради прашања поврзани со местото и безбедноста.

Претставникот на Министерството за финансии, кој одбива неговиот идентитет да биде откриен, тврди дека преговорите меѓу техничките тимови на кредиторите ќе започнат во вторник, а раководителите на мисијата ќе пристигнат во Атина со задоцнување од неколку дена поради технички причини.

„Причините за доцнењето не се ниту политички ниту дипломатски“, додал изворот.

Грците гледаат на посетата на кредиторите во Атина како нарушување на суверенитетот на земјата, бидејќи шестмесечните преговори со партнерите од ЕУ се одржуваа во Брисел по барање на Владата.

Друг извор од Министерството за финансии порано ги негираше тврдењата дека владата се обидува да ги задржи кредиторите „подалеку од владините служби“.

Запрашан дали владата ќе им овозможи на амбасадорите на ЕУ, ММФ и ЕЦБ да ја посетат Атина на разговори за новиот заем, министерот на државната администрација Алекос Флабурарис изјавил дека ако во договорот е вклучена ваква посета, „ние мора да се усогласиме со тоа“.

Конфузијата околу очекуваниот почеток на разговорите ги нагласува предизвиците кои се обликуваат, ако преговорите се одолговлекуваат во времето, бидејќи спасоносниот заем во вредност до 89 милијарди евра треба да биде одобрен од парламентот до 20 август, како што Грција има намера да направи.

Истовремено премиерот Алексис Ципрас се обидува да го потисне бунтот на својата левичарска партија, кој ја натера Владата да зависи од проевропските опозициски партии, за да добие одобрение за најтешките спасувачки услови.

Еден од најблиските помошници на Ципрас тврди дека разбирањето со опозициските партии не може да трае долго и е потребен јасен разговор со нив. Ова ги нагласува продорните очекувања дека избори во земјата може да има сосема наскоро - во септември или октомври.

„Земјата не може да продолжи со малцинска влада долго време. Имаме потреба од јасни, категорични решенија“, изјавил министерот Никос Папас за „Ependysi“.

Покрај условите на новиот заем Грција и нејзините кредитори се очекува да разговараат за одржливоста на долгот на земјата, кој изнесува околу 170% од БДП.

Ципрас изјавил дека негов приоритет е да обезбеди спасувачки пакет пред да се заземе со случувањата во „СИРИЗА“.

Според истражувањето на јавното мислење, направено од „Metron Analysis“ за весникот „Parapolitika“, 61% од Грците се добро расположени кон Ципрас, а 36% не го одобруваат. Преовладувачкото мнозинство (78%) сака Грција да остане во еврозоната, а 19% се за враќање кон драхмата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација