Преку Битола со воз до Грција!
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2013 20:23
Се најавува ново железничко поврзување преку граничниот премин Кременица по Битола, завршувањето на Коридорот 10 и отворање заеднички простор за преземање на возовите од грчка и македонска страна. Ова беа дел од темите на кои разговарале директорот на МЖ –Инфраструктура Ирфан Асани и грчкиот колега Панајотис Теофанопулос. Прв пат по две децении најавуваат интензивирање на соработката меѓу македонската и грчката железница, а наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете претпријатија.
Двајцата директори разговарале и за повторно воведување на патничкиот воз до Солун, но било договорено дека прво мора да се утврди колку тоа е изплатливо.
Според директорот на Грчките железници, денешната средба меѓу раководствата на двете претпријатија е историска, а соработката меѓу железниците е важна за да има подобар и побезбеден железнички сообраќај.
„Треба да соработуваме затоа што само така ќе имаме побезбеден, подобар и поевтин железнички сообраќај. Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железница како целина во која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки. Еден воз кога ќе тргне од Пиреа или Атина и ќе стигне во Германија, тогаш тој воз не е само грчки, туку на сите држави низ кои поминува“, забележа Теофанопулос.
Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е намален за три ипол пати во споредба со периодот пред економската криза, а една од причините поради која европските бизнисмени се повеќе ја заобиколуваат Македонија, според директорот Асани, е лошата железничка инфраструктура.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





