20 Декември, 2025
0.0493

Преку иновативен и револуционерен маркетинг до успех во бизнисот

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2013 19:43

Добивај вести на Viber

Како до иновативен и револуционерен маркетинг - ова беше темата на предавањето во Стопанската комора на Македонија наменето за нејзините членки, а со цел стопанствениците да ги согледаат глобалните иновативни технологии за продажба, но и да стекнат дополнителни знаења од врвни експерти. Предавач денеска беше Виторио де Педис (Vittorio de Pedys), професор на ESCP-EAP Европската школа за менаџмент во Торино кој смета дека иновациите се многу најважни за производството, но огромна улога игра и маркетингот. За висок пазарен ефект треба  да се создаде иновативен производ наменет за потребите на потрошувачите, смета Де Педис, кој го објаснуваше најновиот Харвард модел на револуционерен маркетинг. Тој ги доближи најновите трендови во маркетингот, употребата на нови технологии при создавањето на креативни и иновативни маркетинг-кампањи.Особено внимание се посвети на иновативноста и револуционерноста во маркетингот, две основни алатки за компаниите кои треба да ги инкорпорираат во своето работење со цел да опстојат на турбулентниот пазар. Настанот беше отворен од Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Од Стопанската комора на Македонија му беше доделена благодарница на Педис за неговиот придонес во пренесување на знаење, а преку тоа и на еден начин подобрување на бизнис-климата во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии