15 Јануари, 2025
0.0324

Преку обуки за преквалификација ќе се обучуваат гипсери, заварувачи, фасадери и готвачи

Објавено во: Економија 04 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за вработување на 15 март ќе објави јавен повик за преквалификација во четири стручни профили кои се најдефицитарни на пазарот на трудот - гипсер монтер, фасадер, аргон заварувач и готвач во угостителски објект. Повикот ќе трае до 1 април кога ќе почне обуката за преквалификација, која е бесплатна и  четиримесечна. Во првиот месец ќе има настава, во вториот практичен дел, а останатите два месеца ќе бидат кај работодавец. Покрај тоа што ќе добијат квалификација, посетителите четири месеци ќе добиваат и по 6.200 денари, во кои е вклучено и осигурувањето. Проектот го спроведуваат МОН и Стопанската комора на Македонија. Министерот за образование и наука Панче Кралев рече дека до крајот на годинава ќе имаат статистика за бројот на луѓето што досега поминале обука. „Побитно е колку од луѓето што ги поминале обуките успеале да се вработат по нивното завршување. Денеска почнуваме програма со Стопанската комора и очекувањата се високи затоа што Комората е асоцијација на бизнис-членки. Тоа значи дека голем број на луѓето што ќе поминат низ програмите за образование на возрасни ќе може да си го најдат своето место во некоја од компаниите кои се членки на СКМ. Тоа е идејата и затоа оваа програма е посебно важна“, рече Кралев. Претседателот на СКМ Бранко Азески соопшти дека уште сега, пред почетокот на програмата, имаат 60 барања од компании. Посочи дека стопанството имало потреба од профили, а не можело да ги обезбеди зашто досега ги немало програмите за преквалификација. Сега, рече тој, има законска рамка и едноставно решение за недостигот на квалификувана работна сила и за нејзиното бавно адаптирање во работниот процес. „Триесет проценти од 30,6 отсто невработени лица во Македонија се лица кои бараат работа а немаат формирано основно или се со основно образование. Тоа значи дека немаат никаква квалификација и тоа е огромна армија на луѓе која чека и не може да го најде своето место на берзата на трудот. Ова сега ќе помогне да ја расчепкаме таа структура. Барањата на компаниите одат во насока на овие занимања. Ние направивме најреномираните македонски фирми да бидат местото каде што луѓето ќе се преквалификуваат. Направивме логистички центар, сопствен бизнис-центар во Стопанската комора кој ќе се грижи за тоа и на тој начин ќе помогнеме и на барањата на компаниите и на барањата на луѓето кои сакаат да се вработат. Целта ни е да го подигнеме степенот на вработеност на лицата од 20 до 64 години, од сегашните 69 на најмалку 75 отсто колку што е европскиот просек“, истакна Азески. Од јануари 2012, кога Центарот за образование на возрасни почна да верификува програми за образование на возрасни лица, досега аплицирале 35 понудувачи. Верифицирани се 22 програми за различни квалификации и доквалификации кои треба да се стекнат во краток временски рок, информираше директорката на Центарот Линдита Ќазими на прес-конференција.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања