19 Декември, 2025
0.2060

Преку оглас или препорака, како полесно да се најде работа?

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2021 06:52

Добивај вести на Viber

На веб страницата за Агенцијата за вработување постојано се објавуваат огласи, и во секој момент во државата има по неколку илјади слободни работни места.

Но, граѓаните се скептични дека по пат на оглас ќе најдат работа. Напротив, сметаат дека препораката од колеги, пријатели, познаници и постојаното ширење на контакти помага за побрзо наоѓање на работа. За огласите, веруваат дека дел се само формално објавени, и дека веќе се најдени работници за одредени работни места. Многу невработени упорно праќале CV, но одговор не добиле, ниту биле повикани на интервју за работа.

„Ако некој ве препорача, полесно ќе најдете работа, отколку да чекате преку оглас. Имам две млади снаи, праќаа апликација на огласи, и немаше позитивен резултат“, вели Весна Николовска, граѓанка.

Во многуте огласи има и такви кои на граѓаните им изгледаат сомнително, затоа што едни исти фирми постојано бараат работници, или пак огласот е некомплетен, и  недоволно јасен.

„Младите можат да гледаат огласи, ама џабе е ако нема кој да им помогне да за напредуваат. Не верувам во огласите, затоа што мислам дека се пополнети тие работни места, и преку пријатели полесно е да се најде работа. Јас кога се вработував, тогаш можеше да се најде работа преку оглас, а сега е потешко, сѐ е преку врски“, раскажува Станче Ивановска, граѓанка.

Повозрасните објаснуваат дека порано вработувањето преку огласи функционирало потранспарентно.

„Може и преку огласи, но може и преку препорака да се бара работа. Ако некој огласил дека бара работници, зошто да не верувам во огласот? Но, сега на ова време полесно е доколку имате некој познат да ве препорача некаде. Порано беше поинаку и мислам дека подобро функционираше вработувањето преку огласи“, рече Загица Илиевска, граѓанка.

Maрија Велковска, менаџер во агенцијата за посредување при вработување, „44 Енерџи енд Стаф“, им советува на невработените да не губат надеж, туку да бидат упорни, да ги следат огласите на интернет, да праќаат CV, но и да ги зголемуваат контактите.

„Многу е важно да не се прескокнуваат сите тие чекори од праќање на CV, стапување во контакт, интервју за да се најде добра работа. Доколку пратат CV, а немаат одговор, кандидатите можат и да се јават на контакт телефонот, да прашаат. Посебно ако се работи за работа во странство, сите бараат одговори на секое прашање, сакаат да бидат сигурни“, вели Велковска.

На веб страницата на Агенцијата за вработување, вчера беше објавено дека во Македонија има 7.702 слободни работи места. Се бараат комерцијалисти, правници, административци, бравари, продавачи, општи работници, компјутерски администратори и други профили.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?